Архимандрит Андреј Конанос: Покајанието – слатка тага на душата (IV дел)
Уште не си сфатил дека твоето его те уништило и не си заплакал поради тоа. Си направил абортус или сакаш да направиш, а не си ја разбрал грешката и не си пролеал ниту една покајна солза од твоите очи. Зарем не е страшно тоа? Каде е покајанието? Нема покајание. Колку илјади абортуси се вршат во нашата земја? Приближно 350 – 400 илјади годишно, според официјалната статистика, бројка којашто се регистрира во документите и во болниците, а уште колку други што се прават скришно, што не се објавуваат од разни причини – семејни, или поради авторитетот,