Слово за подвижништвото, разделено на сто енергични глави, исполнети со знаење и со духовно расудување од блажениот Диадох
Кога срцето ги прима демонските стрели со болка што пече, така што човекот чувствува и мисли дека стрелите ги носи во себеси, - тоа е знак дека неговата душа искрено почнала да ги мрази страстите. Тоа е почетокот на очистувањето.