Архиерејска Божествена Литургија во манастирот на св.Прохор Пчински, Донибрук (28.01.2015)
Неговото Високопреосвештенство Петар, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиски и Ново Зеландски во сослужение на Нивните Високипреосвештенства г. Јосиф Тетовско-гостиварски и г. Јосиф Кумановско-осоговски, отслужи Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Божествени Дарови. По Литургијата, ручек беше послужен за да се прослави споменот на овие преподобни Отци.