Солунчев за „Фактор“: Македонското образование создава полтрони и гастарбајтери!
Образованието не подлежи на импровизации и концептуални збрки. Супстанцијално образованието не треба да биде реперкусија на политичкиот систем, а уште помалку, чекор во некаква политичка програма на која било политичка партија, оти на тој начин тоа е само еден запчаник на механизмот на власта, и има комплетно пресвртена онтологија, не произведува индивидуалитети, што е негова основна цел, ами, дури и напротив, ги укинува...