Хуманитарната помош од Хуманитарната организација „Свети Спас“ пристигна во Драч
Претставнците на албанската црква изразија огромна благодарност кон Неговото блаженство г.г. Стефан, кон донаторите и кон МПЦ – ОА. Митрополитот Никола покрај благодарноста испрати благослов до сите донатори и до целиот наш народ. Од оганизацијата искажуваат голема благодарност до компаниите и поединци кои се одѕвале на хуманитарната акцијата за помош и најавуваат дека продолжуваат со активности за собирање помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.