Јеромонах Ефрем Катунакски: Поука (28.11.2019)
Пред да почнеш да се молиш затвори ги очите и замисли си: дошол Исус повторно, Судот завршил, Господ ги избрал луѓето и си заминува со нив, а ти си останал и ги гледаш како се оддалечуваат.
Почувствувај го тоа со срцето. Почувствувај како јачиш, но не излегува звук од твојата уста. Почувствувај како сакаш да трчаш по нив, но нозете ти се скаменети.