Ретроспектива (2005-2020): Да љубиш, без да бараш
Таа е совршенство, бидејќи Бог нашиот Првообраз е вистинска љубов. Бог е љубов. Но љубовта има уште еден аспект – мачеништвото. Мачеништвото за љубовта е поголемо од сите други маченички подвизи. Христовото мачеништво е во Неговата голема и совршена љубов кон светот. Кога Тој се молел во Гетсиманската градина рекол: „Отче, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша“ (Мат. 26:38) Тој немал во предвид да Не умре и да не биде распнат на Крст за нас,