Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство
Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор на тага, нервози итн.? Секако дека не страдаме заради Христос. Таквото страдање носи духовна радост и победа над ѓаволот и страстите, и таквите страдалници ги нарекуваме свети маченици. Извор на нашето страдање се страстите. Впрочем, зборот страст буквално означува страдање.