Митрополит Струмички Наум: Блудниот син (I дел) 03.02.2018
Демонот не нè навлекува на злото и гревот одеднаш, туку постепено, затоа што ако од почеток ни ја открие неговата крајна цел, сигурно ќе нè преплаши и ќе нè одврати од гревот. Демонот прво го наговара помладиот син да побара и присвои „дел“ од она што не се дели и што не се присвојува само за себе, а потоа, врз основа на утврдената и прифатена помисла дека „нешто има“, го прелажува да се одлучи на самостоен и себедоволен живот.