Ете ги плодовите на бракот! А животот без љубов е нецелосен, суров, безначаен, бездомен и обично скита по пусти места; не спасува од страданија, нема на кого да ја потпре изнемоштената старост, не прави родителите да оживеат во своите деца, не го поткрепува животот со пријатни врски. Неврзаните со брачни врски не наоѓаат утеха ниту во народните собири, ниту на прославите, туку се мрачни и туѓи на светот; иако родени за живот,
Свети Валериј Гафенку Нов Исповедник (+1952)
Сакав да направам многу добро во светот, но човек планира, а Бог решава. Животот ја следи својата брза и импресивна авантура. Сам пристигнав на универзитетот во Ласи. Таму видов дека навистина се има отворено голема иднина за мене. Живеев нормален живот, бев еден од најнадарените студенти, пријател на сите, со необична жед за идеите за нов свет, во кој владеат љубов и правда, совршена хармонија.