Недела сиропусна (Прочка) – Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч.Георгиј,н.Криви Дол,Скопје (01.03.2020)
Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи. Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните.