Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот
Што е тоа благослов и кога е неопходен?
Обраќајќи се за благослов, ние бараме да ја дознаеме Божјата волја
за самите нас во нашиот живот и за некои наши замисли.
Само кога би ја знаеле Божјата волја и би ја исполнувале,
крајниот резултат ќе биде да не грешиме пред Бога.