ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО- Кој ќе доживее, ќе види
– Мене, бедниот Серафим, од Господа ми е предодредено да живеам многу повеќе од сто години. Но, бидејќи во тоа време свештенството толку многу ќе се обесчести, што со својата нечистотија ќе ги надминат и архиереите од времето на Теодосиј Помладиот, така што веќе нема да веруваат ниту во главната догма на Христовата вера, на Господ Бог Му е благоугодно да ме земе, мене, бедниот Серафим, од овој привремен живот, а потоа да ме воскресне, и воскресението мое ќе биде како воскресение на седумте момчиња во пештерата Охлонска во деновите на Теодосиј Помладиот.“