Житие на преподобните отци наши Варлаам и Јоасаф Индиски (1)
Таа земја некогаш беше просветена од светиот апостол Тома, но не го остави потполно служењето на идолите, бидејќи многумина, закоравени во незнабоштвото, не го примија спасоносното учење и се држеа до демонската заблуда. Со текот на времето незнабоштвото порасна како трње и почна да го задушува доброто семе на светата вера, па во Индија има неспоредливо повеќе незнабошци отколку верни.