логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 за секој час во денот и ноќта

Час први

bogorodica.ikonostas.jpgПресвета Владетелке Богородице, само Ти единствената си чиста со душата и телото; само  Ти  единствената си го надминала целомудрието  и девственоста; само Ти единствената си станала живеалиште на сецелата благодат на Светиот Дух!  Не отфрлај ме мене недостојниот, нечистиот, мене кој  и душата и телото ги осквернив со својот сластољубив живот; очисти го мојот ум од наклонетоста кон страстите; обрати ги кон беспрекорни тежнеења моите блудечки и слепи помисли; биди раководителка на моите чувства; ослободи ме од злата и срамна склоност кон предрасудите и страстите, која господари со мене; ослабни го гревот кој ме мори, бодрост и расудување дарувај му, на бедниот и помрачен мој ум, за да можам избавен од темнината гревовна, да се удостојам да Те славам Тебе, вистинската Мајка на вистинската Светлина – Христа Бога нашиот, бидејќи Тебе единствената со Него и поради Него Те благословуваат видливите и невидливите созданија, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

Час втори

Те преколнувам, Родителке на Незалезната Светлина, слушни што ќе Ти кажам: јас бедникот во глиб тонам; со мноштвото гревови ја осквернив земјата, и ми се чини: земјата стенка и со воздишки покажува на мене кон неподмитливиот Судија, повикувајќи ги за сведоци и сонцето и небеснот свод со ѕвездите....бурата на моите мисли веќе ме потпоува во очајание; мојата душа со трепет пристапува очекувајќи ја пресудата. Сета моја надеж е во Тебе, Богородице!

Со срам е исполнето лицето на Твојот слуга, иако Ти непрестајно го молиш Родениот од Тебе, и мене недостојниот да ми подари од милоста своја. Одврзи ги моите неодврзливи окови; мене осквернетиот обели ме со солзите на покајнието. Ти која Животот мој го роди – воскресни ме, умртвен од немар; и мене од Ангелите отуѓен, возведи ме кон нив, Богородице.

Големо чудо е, навистина големо, како тоа Господ ги трпи моите гревови! Како сеуште жив не ме свел на дното на пеколот! Како не пратил одгоре невидливо оружје да ме порази!....

Нема сомнеж, Владетелке, Ти со своите молитви си ми дарувала живот, изискувајќи од мене покајание, кое Ти сама подај ми го мене, слугата Твој, бидејќи Ти си мој заклон и заштита. Озари ме со светлоста на Твојот божествен лик, за да Ти вознесам славопој ноќе. Дарувај ми, Господарке, срце скрушено, ридање и солзи! Дарувај ми потполно отпуштање на гревовите, како Жена која во утробата го носела овоплотениот Бог! Дај ми ноќе да Те здогледам со мислениот вид, Пречиста и тогаш ќе се израдувам.

О, крепост моја, надеж моја, слатко видело на слугата Твој! Прими ја оваа молитва од моите осквернети усни!оваа ноќ нека стане ден на спасението на слугата Твој, Богоневесто! Знам дека што и да посакаш, се можеш пред лицето на Родениот од Тебе, кому Му доликува секоја чест и поклонување во сите векови. Амин.

Час трети

Дево Владетелке, Богородице, Ти во утробата си го носела Христа Бога Спасителот наш, - на Тебе сета надеж ја полагам, во Тебе се надевам, бидејќи Ти си над сите Бестелесни Сили. Чувај ме, Пречиста, со својата божествена благодат; раководи со мојот живот, согласно со светата воља на Синот Твој и Бог наш. Дарувај ми отпуштање на гревовите, и биди ми прибежиште, закрила, заштита и патеводителка во живот вечен. Во страшниот час на смртта не оставај ме, Владетелке; туку поитај ми на помош и истргни ме од рацете на демоните мачители.

Владетелке Богородице, Ти единствената си превисоко воздигната над целата земја; и ние Богоневесто, со вера Те благословуваме, со љубов Те величаме, со страв Ти се поклонуваме, бидејќи Ти си почест нас почестите, висина над висините.

Владетелке, Ти си ми од Бога дарувана утеха, божествено оросување на мојата внатрешна жега, нов вруток во пресушениот извор на моите солзи, светлозарен оган на мојата помрачена душа, богатство во сиромаштијата, сила во слабостите, исцелување на неисцливите рани, прекратување на ридањата, уништување на оковите! Слушни го моите молитвени воздишки, сожали се на плачот мој, и допрена од солзите мои, снисходливо прими ја молбата моја и покажи кон мене милосрдие  како Мајка на Човекољубивиот Бог.

Исполни ја мојата незаситна желба, ослободи ме од силовната страст која ја убива мојата душа, и придружи ме кон Себе во земјата на живите, во прегратката на праведните. Те преколнувам, заедничка радост на сите, заедничка заштито на сите, удостој ме да се израдувам со неизречливата радост на од Тебе родениот Цар и Бог, во неискажливите дворци Негови, во непрекратливата наслада, во Неговото безгранично Царство. Владетелке моја, прибежиште мое, животу, оружје, пофалбо, потслон и сило, дај ми да се насладувам со непостижните дарови на Синот Твој!
Сето ова од Тебе јас го молам, бидејќи Ти како Мајка на Севишниот имаш  на соодветната желба и сила. Затоа се надевам дека ќе го добијам она што го очекувам од Тебе, Богоневесто, затоа што си ја родила надежта на сите – Господа нашиот Исуса Христа, Кому му доликува секоја слава чест и поклонување, со Неговиот беспочетен Отец, со благиот и животворниот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин.

sv.efrem.sirin1a.jpg

Час четврти

Дево Владетелке Богородице, знам дека сум недостоен да ја гледам Твојата икона, затоа што Твојата душа и тело се чисти, и Ти со право треба да се возгнасуваш од мене. Но, бидејќи од Тебе Родениот Бог поради тоа и стана Човек да ги повика грешниците  на покајание, затоа прими ја мојава исповест за мноштвото тешки согрешенија, и моли Го Синот Твој и Бог, да и покаже милост на мојата бедна душа. Големото мноштво беззаконија ми смета кон Него погледот да го подигнам и сам од Него да молам за простување. Откако се насладив со мноштвото дарови од Бога Создателот мој, нас неблагодарникот сé заборавив. Сиромашен сум во доблестите, а богат во страстите; исполнет сум од срам и осуден од Бога. Мене ме оплакуваат Ангелите, ѓаволите ми се потсмеваат, совеста ме изобличува, моите сопствени постапки ме срамотат; пред смртта сум мртовец, пред судот сум од себе самиот осуден, пред бесконечното мачење јас се измачувам од очајание. Затоа и прибегнувам кон Твојата брза помош, Владетелке Богородице! Снизи се кон смирението мое, Пречиста; сожали се на немоќта моја Беспрекорна! Пред Родениот од Тебе, Ти имаш голема слобода, каква што никој друг нема. Ти можеш се како Мајка Божја, и ништо не е  невозможно за Тебе, само ако Ти го посакаш тоа. Не презирај ги моите солзи и ридањата мои! Не отфрлај ја тагата на моето срце! Не оставај ја празна мојата надеж на Тебе! Со Твоите молитви повикај го милосрдието на Синот и Бог Твој и удостој ме мене, несреќниот и недостојниот слуга Твој, да ја добијам првобитната убавина душевна, да ја отфрлам од себе грдоста на страстите, од гревот да се избавам, да се преклонам пред правдата, од корен да го искорнам сластољубието и да се облечам во светињата на бестрастието, да умрам за светот и да оживеам за доблеста. Биди ми сопатничка кога патувам, и прати ме кога пловам; укрепи ме кога бдеам, чувај ме кога спијам, утеши ме кога плачам; охрабри ме кога сум потиштен, избави ме кога сум навреден, ослободи ме кога сум наклеветан, подигни ме кога сум немоќен; победи ги бесовите кои војуваат против мене и помагај ми во смртна опасност, секојдневно покажувајќи ме страшен за видливите и невидливите непријатели, за сите тие да знаат дека јас сум слуга Твој, Богомајко, која Бога и Царот на сите си го родила, Кому Му доликува чест поклонување низ сите векови. Амин.

Од изданието преведено од руски на Архимандритот Јустин Поповиќ
Подготви: М.Б.

 

 

Bogorodica.soHristos.jpg Свети Ефрем Сирин – Молитви кон Пресвета Богородица (II дел)

 

bogorodica.ikonostas.jpgСвети Ефрем Сирин - Молитви кон Пресвета Богородица

 

 

 bogorodica.sv.andrej.jpg Свети Ефрем Сирин – Молитви кон Пресвета Богородица (III дел) 

 

Bogorodica.molitva.jpgСвети Ефрем Сирин – Молитиви кон Пресвета Богородица (IV)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная