И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето.
Свети Игнатиј Брјанчанинов - За прелеста
Старецот: Прелеста е повреда на човечката природа со лага. Прелеста е состојба својствена за сите луѓе, без исклучок, предизвикана од падот на нашите прародители. Сите ние сме во прелест. (Почеток на третата беседа на преподобен Симеон Нов Богослов, издание на Оптина Пустина, 1852г.) Знаењето за тоа е најдобра заштита од прелеста. Најголема прелест е човек да се смета себеси за слободен од прелест. Сите ние сме измамени, сите ние сме заведени, сите се наоѓаме во лажна состојба и имаме потреба да се ослободиме преку Вистината.