Митрополит Иларион (Алфеев): Нема проблеми кои наметнуваат свикување Сеправославен собор (02.01.2015)
Во интервјуто за „Събота 150” на БНР (Бугарското национално радио) – на програмата „Хоризонт“, Волоколамскиот Митрополит Иларион (Алфеев) зборуваше за престојниот Велик сеправославен собор, кој треба да се одржи во 2016 г. Според Митрополитот на Московската Патријаршија тој собор нема да донесе никакви важни решенија, а неговата вредност ќе биде, пред сѐ, од формален карактер – како средба на ерарсите на сите Помесни Православни Цркви.