Томас Хопко - Преполовение на Педесетницата
Во средината на четвртата недела, свечено се одбележува денот што паѓа на половината на периодот од Велигден до Педесетницата. Во тој ден Христос дојде да ги поучи луѓето на Својата спасителна мисија и на сите да им ја понуди водата на вечниот живот. Господ уште еднаш не потсетува на своето присуство и на даденото ветување: Кој е жеден нека дојде кај Мене и нека пие (Јн. 7, 37).