среда, 06 мај 2020
Литургија во храмот на
Св. вмч. Георгиј Победоносец
На 6ти мај 2020 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прославуваше споменот на св. вмч. Георгиј Победоносец, свештеникот Пенев Благоја во сослужение на ѓаконот Игор Настоски отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на „Свети Великомаченик Георгиј“ во скопската населба Кисела Вода. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Оние што постојано се движат ненахално, со добри мисли, кажувајќи ги сите свои помисли на Старецот, при што со многу смирение веруваат дека не направиле ништо добро (додека се трудат со голема усрдност), тие ја кријат најголемата духовна ризница во себе, не знаејќи го тоа ни самите тие, ни другите луѓе. Така, богатството не се растура ниту од нив самите, ниту пак од другите може да биде украдено.- Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Тропар, глас 4.
Со добар подвиг и со вера се подвизуваше, Христов страдалецу, и нечестивоста на мачителот ја изобличи и, како жртва благопријатна, Му се принесе на Бога. Затоа прими венец на победа, и со твоите молитви, светителу, на сите им даваш прошка на гревовите.