Свети Јован Касијан Римјанин: Нашиот најопасен непријател е затворен во нас самите
Не треба да се плашиме од надворешниот непријател, нашиот најопасен непријател е затворен во нас самите. Затоа и се води непрестајна борба во нас. Ако одржиме победа во оваа борба, сите надворешни борби ќе бидат лесни за нас. Тогаш Христовиот војник секогаш ќе биде спокоен и сѐ ќе му биде покорно.