"Внимавајте што зборувате, гените памтат се !"
"Поголемиот дел од луѓето се уште не можат да ја сфатат поврзаноста на зборовите што ги изговараат и она што им се случува во животот. Зборот е една од главните структури на човекот и тој има директно влијание на нашиот генетски апарат. Човечката ДНК го чувствува зборот и ја разбира неговата смисла, па се што мислиме и зборуваме се втиснува во генот т.е. во неговата браново - генетска програма која што го менува наследениот, односно постоечкиот состав на секоја клетка, во една или во друга насока. Ако зборот е полн со негативно значење, структурата на ДНК-та започнува да мутира и на поколенијата им се предава деформирана. Темните мисли, изговарањето на навредливи и вулгарни зборови и акумулирањето на негативни чувства и особини можат да се наречат и "програма на самоуништување". Според нашите истражувања, клетвата предизвикува мутагено дејство слично на радиоактивно зрачење од 1000 Рендгени, а погрден збор или псовка пропратена со презир, со гнев, лутина и со омраза ја "спржува" човечката ДНК т.е. ДНК-та на оној кој што ја изговара и на оној кому му е таа упатена.
Јазикот е во тесна врска и со колективниот ум, а тој ја формира не само секоја поединечна личност, ами и менталитетот на народот или нацијата во целост. Затоа е важно да се знае влијанието на јазикот не само врз ДНК-та на поединецот, ами и врз ДНК-та на народот. Секој народ си има свој јазик и нивната молекула на ДНК го разбира јазикот и писмото што само тие го користат. "Чувај го јазикот свој како зеницата во окото свое" е поговорка која што воопшто не е случајна.
Значи, човекот како вајар го ваја својот генетски апарат и дотичната информација ја пренесува на следното поколение. Ако таа е негативна, тогаш од генерација во генерација, исто како што од топка снег може да се создаде лавина, негативната информација расте и самоуништувачки влијае врз потомството. Добрата вест е што светлите мисли и позитивните чувства и состојби, а пред се љубовта, мирот, среќата, добрината, простувањето, нежноста и благодарноста можат истата да ја неутрализираат и да ја преобразат, односно да ја регенерираат и да ја репрограмираат нашата ДНК. Во тоа помагаат и молитвата, медитацијата, здравата исхрана (свежа растителна), престојот во природа и активности кои што никого не повредуваат, а нам ни причинуваат големо задоволство и радост."
Академик Д-р Пјотр Гарјајев - ( "Браново - Лингвистичка Генетика")
Maja BelevaHomeschool во Македонија