Божествена Литургија во храмот Соборен храм, Скопје (12.04.2020)
О, неизмерна е длабочината на Божјата добрина и долготрпение! Покрај сите зла кои се вршат, Бог трпи и не се одмаздува. Тоа се случува не оти не може да Го открие Својот гнев и да нe казни за секое зло веднаш, туку затоа што, како Татко, носи болка во срцето за Своите чеда, Го чека нивното вразумување и ја простира сe пошироко Својата милост, за преку неа да се посрамиме како блудниот син во туѓата земја и