Презвитер Бобан Митевски: Манастирот на св.Никита,с. Бањани не е место за „нереална и празна рецепта“-2020г.
Ќе сведочиме за преданискиот пат на обнова и обожение на човекот низ светите тајни, преку покајание и исповед,пост, молитва, Литургија и причест, а некој ќе дава нереална и празна рецепта: “ Застани на каменот во манастирот Свети Никита, сврти се трипати, поклони се и замисли желба, моштите на cветецот ќе ти ја исполнат“
Колку бедно и понушувачки! Манастирскиот клисар и некој/некои со него, ја узурпираат светињата, за лична корист. Бесплатно? Како да не: по “сеансата”се нудат да се купат икончиња со молитва,а луѓето фрлаат пари врз каменот