Митрополит Атанасиј Лимасолски: Трагедијата на современиот човек (прв дел)
Троичниот Бог не е апстрактен Бог, не е некаква виша сила, како што велат некои кои сакаат Бог да биде некаква виша сила. Знаете ли зошто сакаат да биде виша сила? За да прават што си сакаат, затоа што еден таков бог, кој е виша сила, не може да има личен однос со човекот и таа виша сила не го занима човека. Таа е нешто таму далеку, зад облаците, бог кој си ја гледа неговата работа, а ние нашата. Додека, пак, нашиот Бог, вистинскиот и жив Бог, е Личност, Битие, Бог на Црквата, на Евангелието, Света Троица.