Од писмото на свештомаченик Дионисиј (+264), епископ Александриски
„... За кратко време кај нас се појави оваа болест; за нив (незнабожците) тоа беше најлошата од сите ужасни работи, најсуровата несреќа, и како што вели нивниот писател, состојба што никој не можел да ја очекува. За нас, не беше така, како и во многу други случаи Господ нè испитуваше и нè смируваше. Болеста не нè одмина, но најмногу пострадаа незнабожците.Многу наши браќа, поради изобилно милосрдие и братољубие, без да се жалат себе си, се поткрепуваа взаемно, без да се плашат, ги посетуваа болните,