Ретроспектива (2005-2020): Старец Никон, од Неа Скити - Слава Ти, Боже
Да научиме да велиме „Слава Ти, Боже“. Да не бидеме неблагодарни. Неблагодарноста е ужасно нешто. Постојано се жалиме, мрмориме, сакам ова, сакам она, зошто немам ова, зошто немам она, а за она што веќе го имаме не велиме „Слава Ти, Боже“. Не сме способни да кажеме едно „Слава Ти, Боже“ за даровите што ни ги дал. Како тогаш го применуваме тоа „благодарете за сѐ“ што ни го заповеда апостолот Павле?