Епископ г. Партениј, Игумен Бигорски: Христијаните, преку светото крштение даваме завет дека „се одрекуваме од сатаната и неговите дела“
Првите шест дена се денови на творенија, на работа. Денот седми е ден за покој, ден Господов. Осмиот ден, пак, е симбол за идниот век, ден на вечното празнување со Христа. Господ Христос се обреза и го исполни во целост Стариот Завет, давајќи ни го во наследство новозаветното обрезание – крштението, кое е внатрешно, духовно обрезание, завет за заедница на човекот со Бога, и труд за зачувување на таа заедница.