логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

Човекот, како Божјо создание, нема друга причина за своето постоење освен – светоста!  Светоста е и целта и смислата на човековиот живот. Но светоста, не е некоја апстрактна и безлична идеја, не е некаква етичка категорија. Светоста е суштински начин на постоење, постоење во нашата природна состојба; тоа е остварување на една зададеност, која се дефинира како богоподобност. Оттаму, вечно актуелниот заклучок за човекот е дека крајната цел на неговото постоење  е – да се обожи, восовршувајќи се по мерата која Самиот Спасител, Господ Исус Христос, ја поставува: Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен![1]

И не едноставно –  бидете совршени, туку ни е дадена мерата на совршенството – а тоа е Создателот Господ. Па, зар тоа е можно за нас, луѓето? Секако, тоа совршенство Бог ни го даде како можност уште со нашето создавање, само требаше првиот човек да го достигне, усовршувајќи се во добродетелта на смирението и послушанието. Но, бидејќи не успеа, Бог, Кој е љубов и Кој не сака Неговото создание да пропадне, слезе меѓу нас, се понизи Себеси до нашата мера[2], за да нè доведе нас до Својата, односно ја зеде нашата природа и ја освети, покажувајќи ни дека нашето спасение е можно само преку осветувањето. Но, остварувањето на таа заповед е единствено можна само преку и само во заедницата со Оној за Кого на Литургијата пееме: Еден е свет, Еден е Господ Исус Христос, Оној Кој е единствениот извор на секое постоење. Тој е свет по природа, а христијанинот, бивајќи дел од Него како член на Неговото Тело, односно Црквата, постанува свет затоа што се соединува причестувајќи се со Него во тајната што Тој ни ја даде – светата Литургија. Токму оттука е и таа вистина дека сите христијани, кои живеат не само аскетски и добродетелно, туку и литургиски, сите тие се потенцијални светители.

Но, Црквата не ги прогласува сите за светители во времево времено и просторно. Судот за светоста и спасението на секого ќе се изврши при Последниот Христов Суд. Но тука, Црквата бивајќи просветлена од благодатта Божја, ги објавува за светители тие што во себе ги препознала како вистински Божји угодници; тие што со својот подвиг и живот учествувале во Божјата благодат; тие кои со својот богоугоден живот на земјата и со своето духовно искуство постанале пример за современиците и идните генерации; тие кои се очигледни и неоспорни сведоци за реалната исполнителност на евангелското Слово и на Божјите ветувања. Затоа и чинот за кој денес се удостоивме – канонизацијата, не значи дека ние правиме светител, туку дека истакнуваме образец, односно пример за сите нас, со што сведочиме за блискоста со Бога на овој Божји слуга, кој, живеејќи на земјата, се научи од Светиот Дух на љубовта Божја. А оној што ја има љубовта на земјата, тој со неа преминува во вечниот живот на Царството Небесно, каде што љубовта нараснува и станува совршена. И штом уште на земјата љубовта не може да го заборави ближниот, дотолку повеќе светиите не нè забораваат нас и се молат за нас.[3]         

Но светоста е дар, а светителите се оние луѓе коишто стекнале обожение по благодат. Како што вели Бог: Ги љубам тие што Ме љубат и ќе ги прославам тие што Ме прославуваат.[4] Значи, светоста е дело на милоста Божја, а не само на нашиот подвиг.

 

3.angeli.so.truba

Возљубени во Христа Вознесениот,

Кои се квалитетите на осветениот човек, како ја распознаваме светоста? Свет е оној човек, кој е од Бога осветен, кој е целомудрен и чист, ослободен од секој нагон и од секоја страст. Свет е оној човек којшто е пратеник на доброто, честа, вистината и правдата, којшто е љубител и верен чувар на божествениот закон, оној кој ја поистоветил својата волја со Божјата, оној којшто сака со подвиг и молитва да Му благоугоди на Бога, кој својот ближен го сака како себеси, кој се удостоил да стане пријател Божји, кој станал наследник на Царството Небесно.[5] И секој човек, што ќе се соочи со ваквите дарови на Светиот Дух што Бог ги дава во изобилие, несомнено ќе остане поразен, во побожност и страв од славата на таквата небесна пројава.

И токму затоа ние, денес, како Црква, сме собрани во овој благословен град и на овој богоугоден собор. Собрани како заедница, која е единствениот критериум за распознавање на светоста, да посведочиме – за свет, за светител, еден богоугодник од нашиот род и од нашево време. Како негов современик, а имајќи го предвид и сведоштвото на многумина коишто за време на неговиот живот, но и до ден-денес се очевидци на пројавувањето на Божјата благодат преку овој човек, можам да сведочам за светоста на Гаврил Светогорецот – Епископот Велички. Но, и колку да кажеме, сите наши зборови ќе бидат недоволни за да ја искажат неговата богоугодност. А еве како за него напишал неговиот житиеписец: Угледувајќи се на светителите Божји, се предаде на строги подвизи и со пост и бдение го умртвуваше телото свое и го потчинуваше на духот. Неговата храна се состоеше најчесто во сув леб, неретко мувлосан. До масло, јајца, млеко и сирење воопшто не се ни допираше, а само во саботите, неделите или на некој поголем црковен празник, од послушност кон заповедите на Црквата Божја и почитувајќи ги светите канони, од кандилото со прстот вкусуваше по малку масло. Во неговата ќелија немаше кревет, бидејќи преподобниот само малку одмараше, и тоа на подот од земја, а останатото време го поминуваше во борба со помислите и демоните. Затоплување во келијата, исто така, немаше, зашто тој, во својата постојана молитва, ревносно ја бараше топлината на Светиот Дух. Така, тој храбро се бореше и војуваше против желбите на своето тело и против искушенијата... Додека војуваше против лукавите демони, тој како вистински Христов војник се облекуваше во оружјето Божјо: молитвата и бдеeњето ги користеше како непобедливо оружје, а пак верата и постот како штит, со кој ги гаснеше вжештените стрели на непријателот.

3.angeli.so.truba

Возљубени почитувачи и чеда на овој духовен великан,

Нашиот светогорски и лесновски подвижник, сѐ што имаше во својот живот: и професијата, и блиските и младоста – остави сѐ за љубовта кон монашкиот подвиг и за љубовта кон трајните Христови вредности. Живееше и се грижеше само за она што од овој свет упатува кон вечноста. Избра осаменички живот, но, преку Господа – Христа, беше постојано опкружен со народ, со луѓе кои ги бараа неговите молитвени и духовни поткрепи. Живееше исполнет со љубов кон Христа и таа љубов не ја чуваше за себе, туку им ја делеше на сите. Христос – идеалот на христијаните во сите времиња, беше и негов идеал во животот, и затоа при секоја постапка се раководеше не по својата, туку по Божјата волја. По повеќегодишниот престој на Света Гора, и неговото враќање од таму, како некогаш светите Климент и Наум, кои од Моравија и Панонија се вратија во Македонија, и тој како да имаше небесен повик да се врати и да постане возобновител на монаштвото во Македонија. Како што и би!

А, какво мислење имаа за него по неговите подвизи на Света Гора, се сеќавам и на еден настан од пред Богословскиот факултет во Белград, каде што во седумдесеттите години од минатиот век бев студент. Имено, едно утро, пред почетокот на наставата, од зградата на Академијата за применета уметност, која се наоѓаше во непосредна близина на факултетот, излезе еден скромен црноризец и се упати кон нас, кон групата студенти. Во тој миг, еден професор[6] од факултетот, исто така, монах, кој некогаш студирал во Атина и имал контакти со светогорските манастири, кога го виде монахот кој доаѓаше кон нас, пред сите присутни му направи метанија и рече: Ако во нашево време има свет човек на Света Гора – тоа е овој човек, кој, погледнете го – наликува на жива фреска. Тој човек – фреска беше нашиот свет светогорец – Гаврил.

Но не само со својот подвижнички живот тој сведочеше за својата непоколеблива вера во Христа Воскреснатиот. Бог и со други видливи знаци го воздигна и го воздигнува оној којшто целиот свој живот Го прославуваше и непрестајно Му се молеше. Него, покрај постојаната молитва и строгиот монашки подвиг, го красеа неуморната посветеност да ги поправа и упатува луѓето во доброто, имањето дарба за предвидливост, грижата за духовноста и растот на народот во верата, како и загриженоста за демографската состојба и иднината на нашиот род... За жал, неговите пророштва веќе се исполнуваат во многу области од нашево современие. И како потврда на својата љубов кон Црквата во која духовно се роди и израсна, беше неговото прифаќање на епископскиот чин. Но, не за слава, туку за да ја поткрепи вистината за нашата Македонска и Охридска Црква.  

Исто така, дел од нас беа и се сведоци, а до другиот дел допираат сведоштвата за чудата со кои Бог го прослави овој Свој угодник и за време на животот, но и по упокојувањето. Како последен во таа низа на знаци што Бог ни ги допушти како на Црква за да ја препознаеме светоста на Епископот Гаврил, се и неговите нетлени и благоухани мошти, кои неодамна беа откриени во неговиот гроб. Сето тоа е уште една потврда дека човек може да биде голем научник и мислител, голем владетел и војсководец, но никој не може да биде поголем од човекот кој има голема вера, надеж и љубов.   

Возљубени сограѓани, соседи и роднини,

Бидете горди и благодарни на Бога, што меѓу вас се роди и израсна ваков духовен великан – подвижник, светител и чудотворец. Во овој град, во неговата поблиска и подалечна историја, се родиле многу истакнати личности: и комити и војводи, и партизани и бранители, и државници и книжевници, и уметници и црковници и други, но никој името на Штип не го однесол ни толку далеку ни толку високо, како некогашниот Мијалче Парнаџиев, подоцнежниот монах Гаврил Светогорец, а од денес канонизираниот – свети Гаврил Епископот Велички. Во Житијата на светите во Православната Црква, како и во Книгата на богоугодниците на небото, покрај неговото име, запишани се и Штип и Света Гора, и Лесново и Македонија.

Возљубени чеда на Македонската православна црква,

Од денес, во ликот на светиот преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички, како верен народ и како Црква имаме уште еден молитвеник и застапник пред Божјиот престол. Оној којшто живееше со подвигот на молитвата за сите овде на земјата, ќе биде наш горешт молитвеник и на Небесата. Од денес, како народ сме побогати за уште еден духовен великан од нашиот род, за уште еден пример на верата и образец во кротоста, за уште еден учител во воздржанието и сведок на вистината, за уште еден сад на Светиот Дух, кој за родот наш и за Татковината наша, по милоста Божја, ќе измолува изобилно исцеление и утеха.

По неговите свети молитви, Господ да нè помилува и спаси. Амин!

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

[1] Мт. 5, 48.

[2] Филип. 2, 7.

[3] Свети Силуан Атонски.

[4] Изреки 8, 17; 1. Цар. 2, 30.

[5] Свети Нектариј Егински.

[6] Станува збор за проф. д-р Атанасије Јевтиќ, подоцнежен епископ Банатски, а сега пензиониран Захумско-херцеговачки.

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2017-06-01 19:18:23



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная