Свети Ефрем Сирин: Гревот често бесрамно нѐ напаѓа
Плашејќи се од својата смрт и од тоа дека може да го загуби вечниот живот,
измачуван од совеста, тој прибегнува кон покајанието, -
кон овој посредник меѓу Бога и луѓето.
Плашејќи се од својата смрт и од тоа дека може да го загуби вечниот живот,
измачуван од совеста, тој прибегнува кон покајанието, -
кон овој посредник меѓу Бога и луѓето.
Страшната духовна змија нè учи како да ги победуваме со зборови оние,
кои сакаат да нè поправат.
Поради тоа гревот се умножува во нас и нема
во нас противник против себе.
А кога мојата душа ќе излегува
од телото, Ти дојди при мене,
милостива Владичице,
стивни го моето страдање,
олесни ги моите маки.
Смирението е сигурен водач; не му допушта на оној што го има да удри во гребените на немарот и да доживее бродолом. Напротив, како светлосен патоказ го води непогрешливо на сигурно пристаниште. Егоизмот е најголемото зло; тоа ни ги причинува сите наши падови, преку несмирени мисли.
Вистинската љубов не значи дека ништо повеќе не боли, туку дека остануваш и тогаш кога боли. Во семејството го учиме крстот на секојдневието, но и воскресението на секое утро. Кога дозволуваш Христос да пребива меѓу вас, немоќта се преобразува во трпение, а трпението — во мир.
Безводната пустина стана извор благодатен
од вашите молитви, о отци Синајски и Раитски,
бања за искупување и семе за нови христијани
послужи крвта ваша за Христа пролеана,
о горостаси на Божјата вера,
молете се сега од горниот Сион,

На една мала станица го чекавме возот. Забележав една стара селанка покрај шините. Лицето ѝ беше овенато од старост, но озарено со онаа чудесна и таинствена светлина што често се забележува на лицата на духовните луѓе. Ја прашав:– Кого чекаш, сестро?
– Кого Господ ќе ми го испрати, – одговори таа.
„Не дојдов да донесам мир, туку меч“
Зар ти, како човек вистинољубив и милостив,
да не го знаеш длабокото значење на овие зборови? Мислам дека го знаеш,
но само бараш потврда.
Радувај се народе за кого пред Господа
Јаков свети се моли, подвижникот Христов,
скротувачот на пустината,
со Божја благодат телото го смири,
епископ милостив и праведен застапник
Пријателството на зла личност е полошо од непријател.
Лукав пријател е ненаситен
Никогаш не е благодарен за стореното добро,
секогаш очекува повеќе.
Полесно ни е да се држиме за формата отколку за срцето, зашто формата не нè распнува. Таа не бара да умре стариот човек. Како што кажал свети Јован Златоуст, не е грев што човек влегува во храмот неподготвен, туку што излегува од него непроменет. Обичајот може да нè доведе до прагот, но не и до преображението — ако срцето остане затворено.
Со јавувањето на Господ во Јордан, сјајот на спасението засветли над човештвото. Господ проповедаше меѓу народот три години, подготвувајќи гo за доаѓањето на Царството Божјо. Но народот само се восхитуваше на Неговите чуда; не Го прифатија; и на крај Го распнаа.
Во овие благословени денови по Богојавление, празнувајќи го светиот преподобен Јоаникиј Ракотински, охридски изданок на Црквата Христова, богоносен подвижник и чудотворец од нашето време, со смирени срца и умиление да Му се обратиме на Господа, Кој е богат со милост (Ефес. 2,4),
Светоотечката аксиома — „Добродетелта се живее заради вистината, а не вистината заради добродетелта“ — е (и треба да биде) аголен камен на вистинитоста на нашето христијанско самосознание. Да се живее „во вистината“ значи борба, болка, солзи, тага,
Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре во нас – меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце, како и меѓу Христос во
Со благоволение на Oтецот,
од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;
Оној Кој постои од Отецот без мајка пред вековите,
и заради нас без татко по плот го родила,
и како Младенец со млеко си го хранела.
Живот богољубив мина, преподобен Јоаникие,
којшто си овенчан од Исуса Владиката, Подвигоположникот.
Така, твориш чудеса преку моштите свои
за сите што доаѓаат и верно ти се молат.