Свечен собир на МАНУ: Чествувањето на Конески е чествување на кодот на нашата држава, нација и идентитет
Чествувањето на Блаже Конески е чествување на кодот на нашата држава и нација, кодот на нашиот бит и нашиот идентитет. Денес, не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески, неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитет на македонскиот јазик, културна и национална историја.