логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

    

 

Акатист во слава на Светлоносното Преображение на Христос Спасителот



Кондак 1
     Избран и Единствен Посредник помеѓу Бога и луѓето, вистински Емануиле, Христе Исусе, Кој небесните и земните  ги соедини и со живите и мртвите завладеа! Ти на избраните сведоци од живите и мртвите, од небото и од земјата, кои пред Тебе на Тавор застанаа, им  ја покажа полнотата на Божеството која во Тебе телесно се всели, најавувајќи го сјајот на Твоето Воскресение и пред срамотењето на Крстот објави,   дека ќе седнеш на престолот на славата во висините. Ти, воедно ја објави и првобитната светлина на природата на човекот кој од памтивек од небитие за вечен живот е создаден и почестен со божествен лик, кој во Адам се помрачи и умртви, а во Тебе повторно засвете и оживе. Затоа, поклонувајќи се на славното Твое сесвето Преображение, пофално пеење Ти принесуваме молејќи се:
Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Икос 1
Светлоносните Ангели, стоејќи во  несогледивиот круг околу рамночесната светлина на Трисветото  Божество, со силен глас  прекрасно Го  фалеа  Создателот кога беа создадени ѕвездите, во кои невештестве-ната  Божествена светлина, со вештествени зраци блесна. Таа Божествена светлина и ние сега гледајќи ја, како во обликот на лицето Твое и во одеждите на ризите Твои мате -ријално сјае, со глас пофалбен Ти повикуваме:
    Христе Исусе, во Божествената природа Своја Ти си вистинска светлина, во која нема ни малку темнина!
    Христе, Светлино ипостасна, во сјаењето на Едносушната Троица неразделна и неслиена!
 Христе, Светлино несоздадена, Ти  од вечниот Отец на Светлината, како Бог Вистински од Бога Вистински  блесна!
Христе, Дарителе на светлината, Ти најпрвин во невидливата ангелска природа Својот лик   го изобрази!
    Христе, Создателе на Светлината, при создавањето на видливиот свет, како негова основа, светлината Твоја ја положи!
    Христе Исусе, Ти со таа двојна светлина најпосле и создадениот човек го запечати и во него разликите на видливиот и невидлив свет богомудро  ги соедини!     
Христе, Светлино на помрачените, во светот дојде и во плот човечка засвете!
    Христе, вистинска Светлино, Кој со Себе го просветуваш  секој човек кој доаѓа на свет: да се одбележи и на нас најбожествената светлина на лицето Твое!
    Христе, Ти како Бог во  непристапна светлина пребиваш: облечи н#  и  нас  во оружјето на светлината и направи н# нас недостапни за замките ѓаволски!

Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Кондак 2
    Гледајќи го преславното чудо на светлоносното Твое, Христе, преображение: како лицето Твое  како сонце засвете и облеката Твоја стана бела како светлина, а началниците на законот и пророците, прославени на земјата, јавувајќи се во небесна слава, пред Тебе, Господ на небото и земјата, понизно стоеја, првите од апостолите ничкум паднаа, познавајќи дека Си Ти  навистина  Бог Кој се јави во тело. Поради тоа со страв Ти воскликнуваме: Алилуја!

Икос 2
    Отварајќи им го разумот  на возљубените ученици Свои, кои беа просветени во вистината на Отецот, Ти ги праша:  што велат тие, Кој Си Ти? И слушајќи ја  од устата на блажениот Симон исповедта, дека Ти Си вистинскиот Христос; Синот Божји, Ти потврди дека тоа му е откриено од Отецот Небесен. А  по шест дни не уверувајќи само со зборови, туку и видливо покажувајќи, Ти ја објави Својата божествена природа и спасоносното доаѓање во светот. Додека Твоето тело пречудно сјаеше и облеките Твои станаа неземно бели, Те засени  светол облак, а пророците, кои одамна за Тебе проповедаа, тогаш сами пред Тебе застанаа и гласот на Отецот од небото посведочи дека Си Ти Неговиот возљубен Син. Затоа, исповедувајќи ја оваа вера во Тебе, Те славиме:
     Христе Исусе, Ти постоиш од почетокот, како што Сам за Себе  рече!
    Исусе, Сине Давидов и Сине Авраамов: Кој пред Авраам Си бил и од Давида со Духот Господов претскажан!
    Христе Исусе, од Дева во последно време зачнат, иако од Адам си постар и од Беспочетниот пред сета твар роден!
Христе, Единороден Сине Божји, Ти во прегратките и утробата на Отецот пред деницата Си засветлел!
Христе, Сине на Бога Живиот, Кој дојде во светот да ги спасиш грешните!
    Христе, образ на невидливиот Бог, Кого видливо во Себе Го  објави!
    Христе, Боже Вистински од Бога Вистинскиот, Кој си над сите и благословен во вековите!
    Христе Исусе, отвори го умот наш, да Те разбереме Тебе не како пророк, ниту  како учител, туку како Вистински Син Божји и Спасител на светот!


Христе, Вистинска Светлино , возљубен Сине на Отецот  на светлината, покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Кондак 3
    Силата на спасителното Христово доаѓање ја објавија  богоглаголивите апостоли не преку  басни, туку како очевидци на Неговата слава, бидејќи со Него беа кога прими од Отецот чест и слава и кога се слушна гласот на величествената слава. И она што слушнаа и видоа и со раце допреа, за тоа проповедаа, не сведочејќи  само со зборови, туку с# сметајќи за штета и трици, само да го познаат Христа и силата на Неговото Воскресение во Преображението  најавено. Затоа и ние, верувајќи во сведоштвото  нивно и исповедајќи го Христа Кого тие како Божја сила и Божја премудрост го проповедаа, Му воскликнуваме како рамночесен со Отецот: Алилуја!
Икос 3
    Имајќи во Себе живот вечен, како Оној Кој пребива во Отецот и како Еден од Живоначалната Троица, со божествена љубов во себе поврзана, навистина како Началник на животот Си се покажал  Христе, поради богатството на Твоето милосрдие секоја природа од небитие во битие   приведувајќи ја и одржувајќи ја. Поради тоа на Тавор помеѓу живите и мртвите  Си се поставил, покажувајќи се Себе како Извор на животот и бесмртноста и дека не Си Бог на мртвите, туку Бог на живите, зашто во Тебе сите  се живи. Затоа, познавајќи Те како Творец и Седржител, Ти пееме:
    Христе, со Словото животоносно и создавачко, кое  во Твојата природа од почетокот беше,  беа создадени вековите и без него ништо не станува!
    Христе, Творче на светот, Ти со збор небото со земјата и видливото со невидливото си го составил, зашто со Отецот пребиваш  и преку Духот на устата Негова зборуваш!
    Христе, Премудрост ипостасна, Кој с# со премудрост Си создал, и образот на премудроста Твоја на секоја твар Си Го обележал!
    Христе, образ на личноста на Отецот, Ти со зборовите на силата Твоја ги одржуваш сите Твои созданија!
    Христе, рајско Дрво на Животот, на првосоздадениот човек плод на животот вечен му носиш!
    Христе, вистински Леб на Животот, за отпаднатите од рајскиот живот Самиот Себе се даде за храна и питие Небесно!
         Христе Животодавче, со причестувањето со Телото и Крвта Твоја навистина присоедини н# кон божествениот живот, и бесмртност подари ни !


Христе, Вистинска Светлино, возљубен  Сине на Отецот на  Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Кондак 4
    Со бура на богопротивење секогаш дишејќи,  и со неа на почетокот  себе од небесата исфрлувајќи се, исконскиот човекоубиец посака земнородниот, по ликот Божји создаден, од рајот да го истера, знаејќи дека поради уподобување на Бога за вечен живот е создаден. Затоа со лага го увери дека ќе стане учесник во божеството ако не ја послуша Божјата волја и така го умртви. А Ти, Христе, сакајќи на земнородниот навистина да го обожиш и умртвениот во Себе да го воскреснеш, уште пред Своето  воскресение сите во тоа ги увери, засветлувајќи како Бог во тело на Тавор, за да од оние кои преку Тебе се спасени вечно слушаш: Алилуја!
Икос 4
       Сведоците на Твојата богосветла промена, Христе, го слушнаа на гората гласот на Отецот Кој од небесата потврди  дека Си  навистина возљубен Син Божји, Кому Му прилега послушност, како Оној Кој  секогаш пребива во волјата на Отецот и така  оние кои  од непослушност погинале ги спасува. Поради тоа, последувајќи Го овој Божји глас и во него силата на спасението разбирајќи ја, Ти повикуваме:
    Христе, Сине Божји, Ти никогаш друга волја, освен волјата на Отецот не Си имал, како Оној Кој  од искона во Отецот пребива!
    Христе, Боже вистински, Ти законот на волјата Твоја Божествена, во законот на постоењето на секоја твар го положи!
    Христе, Промислителу благ и Цару на секоја земна твар, Ти закон на Твојата света  волја за чување на вечниот рајски живот Си  одредил!
    Христе, Спасителе на светот, Кој искупувањето на паднатиот човек  го прими, Ти тој закон на Божјата волја го  запази и во послушание кон  него се постави, да како што преку непослушноста на еден човек многумина станаа грешни, така и преку послушноста на Тебе Единствениот, многумина да станат праведни!
    Христе, Ти од небесата слезе, не да ја твориш волјата Своја, туку волјата на Отецот Кој Те прати и творењето  на волјата на Оној  Кој Те прати  Ти беше храна во деновите на Твоето пребивање во тело!
    Христе Исусе, Ти и во смртниот час Си се молел да не биде волјата Твоја, туку волјата на Отецот!
    Христе Исусе, Ти се до крстната смрт  на волјата на Отецот себе се предаваше и, покажувајќи се совршен преку послушание, на сите кои Ти се послушни им стана причинител на вечното спасение!
    Христе, Управителе на светот, Кого  ветрот, морето и духовите го слушаат: насочи ја волјата наша секоја помисла во послуша-ние кон Тебе да се покори и дај ни со обновување на умот да се преобразиме, на дело познавајќи која е добрата и угодна волја Божја!
    Христе, Кој Си искушуван и Кој на искушуваните можеш да им помогнеш, помогни ни од с# срце да ја твориме волјата Божја и да се молиме како што Си ни заповедал, да биде на земјата како и на небото единствено волјата на Отецот Кој е на небесата!


Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

               Кондак 5
        Прекрасната глетка на божественото сјаење на Твоето тело,  појавата на светлиот облак, Твојот разговор со славните жители на горниот свет, и слушањето на гласот Божји од небото на Тавор се покажаа како вистински рај преку Тебе јавен во времето. Чувствувајќи ја Неговата сладост и не сакајќи од неа да се раздели, блажениот Петар рече: “ Добро ни е да бидеме овде, и да останеме”. Со ова, Христе навистина Си ја покажал првобитната благородност на нашата природа и нејзиното второ создавање и обновување, за да Тебе, Создателот на првиот и вториот свет, Кој Си дошол во обличје на слуга и во божествена сила сега Си се покажал, Ти воспееме ангелска песна: Алилуја!
 
Икос 5
    Првородениот пред секоја твар, гледајќи го во вревата на земните нешта поставен оној кој со своја волја од висините падна и луто страда; гледајќи како и самата твар која му е нему покорена, воздивнува и тагува со него, осиромашениот од падот поради непослушноста на волјата Божја и гледајќи  на секој начин повторно да го спаси, дојде во светот и Својата волја во послушание ја постави, говорејќи: “ Жртви и приноси не сакаше, но телото Си  Ми го подготвил: еве, дојдов да ја направам волјата Твоја Боже”. Сепак, барајќи спасението да не биде принудно, како ни блаженството на првиот рај, туку со добра волја на оној кој се спасува, Он уште пред доаѓањето Свое за Себе проповедаше, повикувајќи да се верува во Него како Спасител на светот. Поради тоа и денес, пред очите на од Бога избраните сведоци во тело се преобразува, за да заедно со смирението ја видат и славата Негова сите оние кои се жедни за правда и Својот Искупител во Него да Го познаат, исповедувајќи  Го:   
    Христе, Спасителе на светот, Ти расипаниот лик човечки повторно во боголик живот го врати и од робувањето на пропадливоста го ослободи!
    Христе, Ти даваш вистинска слобода и поради тоа  не принудно, туку според волјата, во рајскиот живот отпаднатите ги повикуваш!
    Христе Исусе, Ти, поради доброволно-то приоѓање кон Тебе, предвечната замисла за спасение на светот пред исполнувањето на времето  на спасените им ја откри!  
Христе Боже, премудар, Кој с# можеш, Ти со примањето на природата на паднатите луѓе, надумно спасение  измоли!
Христе Исусе, Ти во Своето прво Евангелие Себе како Семе на безмажна Жена се благовести, а потоа, како Семе Авраамово, во кое сите племиња ќе се благословат, и така јасно укажа за Себе!
Христе, Јагне Божјо, кое гревовите на светот ги земаш, Ти благоизволи да примиш лик на заклано јагне кое од пагубни рани избавува!
Христе  Исусе, Ти со многу други начини и пророштва времето на Своето доаѓање, доброволно страдање и  подготву- вање за спасоносно воскресение на човечкиот род му го претскажа!
Христе, Ти паднатиот човек во првобитното достоинство го вознесе: дај ни нам длабочината на својот пад да ја видиме и спасоносно станување доброволно да посакаме!
Христе, Ти од небото заради наше спасение слезе, дај н&  во Тебе вистинскиот Спасител да Го познаеме!


Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Кондак 6
    Проповедници на Твоето, Христе, спасително доаѓање во светот, во сите родови Си подготвил: некогаш патријарсите кои Ти угодија, потоа пророците, а најпосле учениците и апостолите. Затоа и на Тавор  пред  Тебе, гледајќи  ја Твојата божествена слава, заедно застанаа: апостолите од живите на земјата, Мојсеј од умрените и Илија Тесвитјанин од небесните:  небото и земјата и пеколот проповедта за Тебе еднодушно да ја чујат и како на единствен божествен Спасител на сите, заедно да воскликнат: Алилуја!
 
Гората на преображение - Тавор

Икос 6
    Засветлувајќи посилно од сончевите зраци со Твојата  божествена слава  во тело, Христе, стоејќи меѓу најголемите помеѓу пророците, и помрачувајќи ја славата на боговидецот Мојсеј, чие лице од гледањето на Божјата слава сјаеше, и славата на Илија кој  во блескањето  на неземен оган е вознесен на небото, Ти јасно покажа дека не Си еден од пророците, како што мислеа, туку Господ на пророците Кој ним им дава слава и дека Си дошол во тело,  за да учествувајќи во двојната природа Твоја и осветлени со светлината на Твоето доаѓање на земјата, во оној ден со душата и телото, како сонце да засветлат во Царството на Небесниот Отец сите земнородни, кои навикнаа да Те слават:
    Христе Исусе, вистинско Сонце на правдата, Ти пред сите векови во Отецот на Светлината засветли!
    Христе, Премудрост ипостасна, светлината на Својот Божествен разум врз секоја твар ја излеваш, а особено  словесната творевина со иконата на светлината Своја ја осветлуваш!
    Христе, светлина на светот, Ти се јави во тело, доаѓајќи на земјата,  сите народи да ги просветиш!
    Христе Исусе, Ти како Младенец во јасли лежеше и како Бог со светлината на богопознанието умот на мудреците им го просвети!
    Христе, Ти како Дете за учење Си прашувал, и како Оној Кој светлината на разумот ја дава, со разумот и Своите одговори учителите ги восхити!
    Христе, единствен вистински Учителе, Ти со светлината на вистината Своја учениците Си ги просветил и с# што е за Тебе  напишано, Си  разјаснил!
     Христе, Светлино воплотена,  Ти  со Преображението направи сета помрачена природа Адамова повторно да заблеска и неа во слава и светлина на Своето божество ја претвори!
      Христе Исусе, Кој од темнината нас н# повика во Својата чудесна светлина, просвети ги очите на нашите мисли и истерај го секој мрак од срцата наши!
    Христе Исусе, Кој нашите срца ги осветли со  нетрулежната светлина на Својот божествен разум, отвори ги и нашите мислени очи, Твоите Евангелски проповеди да ги разбереме, и  одејќи благообразно по патот на заповедите Твои, живот вечен да  достигнеме!

Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлината : покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!


Кондак 7
    Сакајќи спасението на родот човечки да го завршиш со доброволно страдање  во Ерусалим,и знаејќи дека телесното мудрување на земнородните не може да разбере како, Семоќен Бог и Спасител остануваш, а во исто време како немоќен и смртен, страдаш и умираш, Ти многу пати со Своите најблиски ученици, Си зборувал за претстоечките Твои исмевања и смрт на Крстот, како и за сеславното Воскресение Твое. Поради тоа, и денес за спасоносниот исход Свој со небесните жители зборуваш, за да не се соблазнат  поради Тебе очевидците на Твоето величие,  кога ќе Те видат  распнат, туку во светлината на Твоето Преображение, со очите на верата да ја здогледаат и славата на Воскресението, и гледајќи Те како на Крст висиш, Тебе како на Бог, Кој сите ги спасува, непрестано да Ти воскликнуваат: Алилуја!

Икос 7
    Ново небо и нова земја доаѓајќи да устроиш, Ти почудесни и попрекрасни дела од оние во почетокот правиш: зашто, не приведуваш с# од небитие во битие, туку прав и распадливост во Себе примаш и преобра- зувајќи се, го обожуваш. Просветувајќи ги  и самите облеки Свои, Ти покажуваш дека секоја земна твар кон подобро ја возведуваш. Затоа, прославувајќи Те со душата и со телото како Оној Кој сите ги обнови, пееме:
      Христе Исусе, единствен   Животодател на стариот и новиот свет, Ти стариот човек  во нова твар го изградуваш и повторно како цар на  сите твари во Себе го примаш!
    Христе Исусе, Кој во почетокот  човекот со ликот Божји Си го почестил, заради обновување на тој лик, самата божествена природа со човечката во една ипостас, постанувајќи  човек,  ја  соедини!
    Христе Исусе, распаднатата природа  на нашиот род во Себе ја обнови и така нејзината првобитна  убавина ја покажа!
Христе, Човек Небесен, Ти во земен човек Си се облекол, како што се облековме во земно обличје, така да се облечиме и во образ небесен!
    Христе, Сине Божји, Ти Син Човечки Себе се направи, за да примајќи го полошото, нас ни го дадеш подоброто!
    Христе Исусе, Ти пониженото наше тело го преобрази слично на телото на славата Твоја да биде, така да се преобразуваме од слава во слава!
    Христе, Исусе, Ти со промената на човековата природа, секое творение  го обнови и така ново небо и нова земја за престојување на новиот човек  подготви!
    Христе, Кој сите ги обновуваш, Дух вистински обнови во нас; ако нашиот надворешен човек и пропаѓа, сепак, внатрешниот да се обновува во сите  денови!
    Христе, дај ни да се облечиме во новиот човек, создаден по Бога, во обновен живот да почнеме да одиме и навистина народ Божји да станеме!   

Христе, Вистинска Светлино,  возљубен Сине на Отецот на Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!
 

Кондак 8
    Чудно и несфатливо видение сега се покажува: најпонизниот од сите синови човечки, со светлина Божествена во плотта Своја сјае, а Отецот на светлината Син Божји возљубен Го нарекува. Мојсеј законодавецот и Илија вознесениот на огнените коли, јавувајќи се  во небесна слава, како слуги пред Него стојат, за срамотењето и крстната смрт со Него разговараат,  воедно и Воскресението славејќи го,  чија светлина однапред заблеска во пресветлото Преображение. Затоа, јасно познавајќи Го во Синот Човечки Синот Божји, Му воскликнуваме Нему: Алилуја!

Икос 8
        Сиот од земја Си бил, Бог  Слово бивајќи,  помешувајќи ја  човечката природа со боже-ството во Својата ипостас, која во две природи Мојсеј и Илија ја видоа. И целиот облекувајќи се во Адам, Ти, Христе, ја просветли помрачената природа, и осирома-шувајќи поради нас, земнородниот, Бог  го направи со соединувањето и учеството во Твојата природа. Светот кој во зло лежи навистина  како Царство Божјо нам ни го приближуваш и го обраќаш во првобитниот рај, чиј прикриен лик стана видлив на Тавор, каде неискажливо блаженство на заедница со Бога во срцата на Своите смирени ученици   излеа. Затоа, познавајќи Те како Бог и човек и исполнети со радоста од предвкусот на рајските блага, Ти воскликнуваме:
    Христе, Сине на Отецот Небесен, од Него на земјата испратен и од Дева неискажливо роден!
    Христе Исусе, Ти со Своето Божество  човештвото  го помаза, за да  и двете ги споиш во едно!
    Христе, Емануиле вистински, Бог и човекот во една ипостас ги соедини!
    Христе, Ти како човек видливо, но како вистински Бог скриено со Богочовечкото доаѓање Свое на луѓето им се приближи!
Христе, Боже вистински, на земјата во плот се јави и со луѓето поживеа!
    Христе Исусе, во Тебе е сета полнота на Божеството, чии зраци апостолите и пророците ги осветлуваа!
    Христе, Господи од Небесата и втор Адаме, Кој дојде во Духот Кој оживува, да го одуховиш Адам, кој жива душа постана!
    Христе, Исусе, вистинска Лозо на Градинарот – Твојот Отец, Ти во Твојата заедница нашата природа ја прими, направи не достојни учесници на божеството Твое, покажувајќи н# како гранки со Тебе сраснати  и неодвојливи од Тебе!
    Христе, Сине Божји, Кој со луѓето се соедини, не разделувајќи се од Бога, дај ни со Тебе и во Тебе со Отецот Твој едно да бидеме!


Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Кондак 9
    Секоја твар, некогаш како многу добра создадена од Бога, потоа се покори на суетата, не по своја волја, туку поради човекот кој ја покори и поради проклетите дела негови и до сега со него воздивнува и тагува, чекајќи да се јават синовите Божји, зашто тогаш ќе се ослободат од робувањето на пропадливоста во слобода на слава на деца Божји. Затоа и таа денес во телото на Спасителот на светот светло сјае; зашто Он, примајќи човечко тело, од прав создадено и во пропадливост паднато, навистина и самиот прав во првобитната и непропадлива убавина го возведува, сe ново правејќи, како Вистинско Слово Творечко и Животодавец Бог, Кому сета твар служејќи и ликувајќи Му пее вечно: Алилуја!

Икос 9
    Прекрасните говорници, кои Духот Божји не го примија и да Го разберат не можеа, неможат да ја опишат Твојата величина и премудрост: Ти како Оној Кој животот го држи и  со смртта владее на Тавор пред себе Мојсеј и Илија ги претставуваш кои сведочат за божеството во чија слава сјаеш, а во исто време и облик на слуга земаш, и со беззакониците се сместуваш и Себе до смрт на крст се понижуваш. Ние, пак, како духовни и оние кои с# испитуваат, проповедувајќи Те, Христе, како Божја сила и премудрост, Те  исповедаме:
    Христе Исусе, преку Тебе небото и земјата се соединија: зашто во една Твоја ипостас Бог на земјата слезе и човекот на Небесата се подигна!
    Христе Исусе, во Тебе се соедини с# што е на небесата и на земјата!
    Христе Исусе, Посредник помеѓу Бога и луѓето, преку Тебе с# небеско и земно со Бога се помири!
    Христе, Ти во едно тело со Крвта на Крстот светот со Бога го помири!
    Христе Исусе, Ти на новиот и подобар Завет си Посредник и Заложник!  
Христе Исусе, непорочно, пречисто Јагне Божјо и Архиереју вистински, повисок од небесата!
Христе, Исусе Ти Самиот жртва примаш и Самиот Си жртва, Оној Кој принесува и Кој се принесува!
    Христе Исусе, Кој слезе од небесата и преку Себе со Бога нас н# помири, дојди и всели се во нас, преку Тебе мир да имаме и во Тебе  навистина на небесата да се вознесеме!
    Христе, Сине Божји, Кој се  вочовечи и човекот во Себе го обожи: нека преку Тебе  навистина Самиот Бог дејствува во нас и насочи ја волјата наша да го твори она што е по Негово благоволение!


Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Кондак 10
    Сакајќи да се спасат сите луѓе, Ти не го покажуваш само со божествени зборови  патот на спасението, ниту во делата на стариот закон бараш оправдување, туку со Крвта на Новиот Завет, во самото тело на слабостите наши на Себе ги примаш нашите гревови, не само да ги опростиш туку уште и    ги очистуваш и исправуваш. Поради тоа, самото Пречисто Тело Свое за храна го даваш  и чесната Крв Своја како неисцрпно питие ја излеваш, за да оние кои го јадат Твоето Тело и  ја пијат  Твојата Крв како најблиски во Тебе да пребиваат, навистина тело од Твоето Тело и коска од Твоите Коски да станат и така станувајќи причесници на божествената природа, од секоја гнилеж, душевна и телесна себе да се ослободат и како сонце да засветат во Царството на небесниот Отец, Чие обличје во телото на Тавор  го покажа. Нека, просветувајќи се, непрестано во сладост на вечниот живот Тебе Ти извикуваат: Алилуја!

Икос 10
    Царството Твое, Христе Боже, Царство во сите векови е и власта Твоја во секој род и род е. На небото и на земјата Ти се даде секаква власт, Ти со живите и мртвите владееш и ги имаш клучевите од адот и смртта. Во  Името Твое сите колена ќе се поклонуваат, небесни и земни и оние во подземјето, како што  се јави на  Таворската гора, каде пред Тебе, Кој владееш со небото и Кој господариш со земјата и пределите пеколни ги покоруваш, застанаа од земните -  апостолите, од небесните Илија, а од умрените Мојсеј. Прославувајќи го ова,  пред Тебе,  Царот на вселената, на колена паѓаме и со умиление Те славиме:
    Христе, Царе на светот, Ти со Својата семоќна десница с# создаде и со законот  волјите во единствено Царство Божјо ги сврза!
    Христе, Цару Божествен, Ти и човекот створен по ликот Твој, како цар на созданијата на земјата Си го поставил, а потоа и кога отпадна од Царството повторно  го повика, и во првобитно  достоинство  го   изведе!
    Христе, Цару Небесен, заради човекољубието на земјата  се јави, и со луѓето поживе, а од небесата не се  оддели и вечно таму на престолот херувимски седиш!
    Христе Исусе, и во тело доаѓајќи,  Ти како вистински Цар на вселената, на  стихиите на светот,  законите на природата и на невидливите духови   им заповеда!
    Христе Исусе, Ти и со самата Твоја смрт, како вистински Владика на животот и смртта вечната смрт ја уништи и  оној кој има моќ над смртта го сотре, вратите на пеколот ги скрши, и сите непријатели на Своето Царство под нозете Свои ги покори!
    Христе, Семоќен Царе на царевите, за повторно создавање на сеславното Царство Свое, Ти како зрно синапово  Црквата Своја на земјата ја посади и на Каменот, кој го отфрлија ѕидарите, ја утврди, за да не ја надвладеат вратите на пеколот!
    Христе Исусе, Ти Своето Царство кое не е од овој свет царство на целиот свет го направи,  уште и ќе дојдеш во него во векови да  се зацариш!


Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Кондак 11
    Пеење на песни нови за  обновувањето на  Царството Твое, никој не може да научи освен оние кои се искупени од земјата, имајќи го Името на Твојот Отец напишано на своите чела и кои одат по Тебе, Јагнето Божјо. И ние грешните, иако сме недостојни, но со вода и Дух за нов живот родени  и со Помазание од Светиот запечатени, постанувајќи нова твар во Тебе, и гледајќи ја во Преображението на Твоето тело, славата на царството кое доаѓа, како оние многумина кои го видоа зацарувањето Твое, со силен глас, како слуги и оние кои се бојат од Тебе, се осмелуваме да Те славиме со песната: Алилуја!  
Икос 11
        Славата на светлоносното Преображение Твое ја видоа избраните ученици на светата гора: и сите луѓе во Твоето доаѓање во тело  ја видоа славата Твоја како Единороден од Отецот. Чекајќи и ние, според зборовите Твои, да ја видиме оваа слава, Тебе, Господ на славата Те величаме:
    Христе Исусе, совечно и ипостасно сјаење на вечната слава на Отецот, Ти пред да настане светот небесна слава во Отецот си имал!
    Христе Исусе, Тебе облечениот во тело, Ангелите на небесата Те прославија, најчесните луѓе на земјата царски дарови Ти принесоа, и сите луѓе, гледајќи преславни дела во Бога прославија!
    Христе Исусе, Ти од луѓе слава не примаше, но имаш Отец Кој Те прослави и со Гласот Свој, Твојата слава многупати ја посведочи!
    Христе Исусе, во светлозарното преображение на плотта Твоја – Славата на Божеството Твое ја јави и со неа во преславното Воскресение  уште попрекрасно светна!
    Христе Исусе, Ти со Вознесението на небесата и со седењето оддесно на Оца рамночесна слава на Своето Царство  со Него  во тело прими!
    Христе Исусе, Ти во голема сила и слава пак ќе дојдеш  и ќе седнеш на престолот на Славата во Царството Свое во вековите!
    Христе Исусе, удостој  н# и нас да ја видиме Славата Твоја, како што за тоа Си се молел во смртниот час и научи н#  нас и во телото и во душата Тебе  вистинскиот Бог да Те прославиме!


Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлината: покажи н# и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Кондак 12
    Навистина се јави Божјата благодат  спасителна за сите луѓе, кога  Словото стана Тело и се всели меѓу нас, полн со благодат и вистина за да и ние сите од  Неговата полнота  примиме благодат врз благодат. Зашто спасението не е во убедливи зборови на човечката мудрост, ниту во правдата која е од Законот, туку во јавувањето на Божествениот Дух и сила. Поради тоа и Христос  не го просвети родот човеки само со учења, туку со самото вселување на Своето Божество во човечко тело, од пропадливо го направи непропадливо, и навистина го обожи.  Поради тоа, на Тавор божествено во телото заблеска, како вистински Извршител на спасението, Кому Единиот  Му прилега спасените да го прославуваат: Алилуја!

Икос 12
    Воспевајќи го Твоето богосветло Преображение, воедно ја прославуваме и наднебесната слава на нашата земна природа која од Тебе на Тавор богодолично засветли, изобразувајќи ја идната незалезна слава. Гледајќи ја со очите на верата и надежта и во срцето со неа насладувајќи се, како Началник на славата наша Те славиме Тебе:
    Христе Исусе, во Тебе сме избрани пред настанувањето на светот и во вечна слава сме повикани!
Христе Исусе, Ти при создавањето на светот, со образ Божји го почести човекот и го постави во рајот на сладоста како Твој сотрудник и цар на творевината!
    Христе Исусе, и после помрачувањето на ликот Божји во природата на земнородните во тој ист лик нив ги преобразуваш, од слава во слава!
Христе Исусе,  Ти со рамноангелска светост ги прославуваш оние кои сеуште се во своето слабо тело и на различни дарови на Својата божествена слава ги удостојуваш!
Христе Исусе, Ти дури и после смртта и самите коски на праведниците нетрулежни ги чуваш и со силата на Своето преславно Воскресение во нив пребиваш и чуда твориш!
Христе Исусе, Ти со Своето преславно Вознесение телесното наследство го обожи и го удостои да седне од десната страна на Оца!
Христе Исусе, Ти и при Своето Второ доаѓање заедно со сите Свои Светии ќе се јавиш и ќе им дадеш власт заедно со Тебе да му судат на светот!
Христе Исусе, научи н#  нас славата на нашата природа  во Твојата слава да ја препознаеме и удостој нe, како залог на вечната слава, душевниот и  телесниот живот непорочно и без болест на земјата да го проживееме!
Христе Исусе, воскресни н# и прослави н# во Царството Свое нас, кои со Тебе се сораспнавме и погребавме!
Христе Исусе, дај и ние повеќе да ја засакаме Божјата слава отколку човечката и единствено неа да ја бараме!


Христе, Вистинска Светлино, возљубен Сине на Отецот на Светлинта: покажи не и нас синови на Светлината во Тебе преобразени!

Кондак 13
    О, Тивка Светлино, света славо на Бесмртниот Отец Небесен, Светиот, Блажениот, Исусе Христе! Вистински Сине Божји и Вистински Сине Човечки, Ти со најблиското   соединување  на Божествената природа Своја Си ја очистил и осветил природата на земнородните и со светлината на Своето Божество неа, од гревот поцрнетата, Си ја преобразил и обелил, со силата на Воскресението бесмртна  ја направи и во Вознесението ја прослави и обожи. Потоа во Тајната на Телото и Крвта Своја целиот Себе се предаде за исцеление на нашите тела и души и како залог на вечниот и блажен живот. Удостој н# со вистинска вера и добра волја с# да примиме што за спасение ни го подари, за да просветувајќи се, и исцелувајќи од душевните и телесни слабости и обновувајќи се во овој живот преку соединувањето со Тебе, да бидеме потполно со Тебе во незалезниот ден на Твоето Царство, да таму во светлината на Твоето Лице и во вечна слава со Ангелите и сите Светии со непрестана песна  Го славиме во Троица славениот Бог: Алилуја, Алилуја, Алилуја!


Овој кондак се чита трипати, а потоа повторно Икос 1 и Кондак 1.

 

Молитва кон Господ и Спасителот на светот Исус Христос
за преславното Негово Преображение*

    Небесна, беспочетна и незалезна Светлино, која од самобитниот и вечен Отец на светлината, безвременска и божествена суштина имаш, како Бог вистински од Бога вистински, во блесокот на едносушната Троица неслиена и неразделена, единствен Изворе на секоја светлина која во светот постои, Прекрасен Ѕидар, Кој создавањето на сета твар Си го надгледувал. Покрај тоа што умната и словесна творевина  ја запечати со Својот лик, Ти во последните времиња заради вообличување на овој Твој помрачен лик, од небесата на земјата слезе и земјен облик прими, за да со ипостасното единство на двете природи во Себе, помраченото го просветлиш, пропадливото го очистиш и преобразиш, она што е врзано за смртта повторно во раѓање во Тебе за вечно постоење, да го направиш ново, Многумилостив, Премудар и Семоќен Спасителу наш, Господи Исусе Христе! Затоа и на Тавор пред богоповиканите  сведоци Свои во телото  заблеска, за да го покажеш заедно со богообразното постоење на човекот, иако во облик на слуга, и Своето семоќно животворно Воскресение, макар што нему му претходеше исмевање и смрт, а потоа и преславното Вознесение во тело во горниот свет, откаде ќе се случи и  Твоето уште повеличествено Второ доаѓање. Со тоа, повторно ја  покажуваш  и првата богодолична светлина на нашата понижена природа и нејзиното благодатно преобразува-ње  во Тебе, заради нас,  како почеток и залог на непоминливата слава, подготвена за нас  во векот којшто доаѓа, во Царството на Отецот Небесен. Ти дојде да ни ја дадеш, не привлекувајќи со принуда или сила, туку повикувајќи н# нас со добра волја и просветени со знаење, како што беше во првиот рај на сладоста. Затоа, примајќи го сето ова со  вера и со устите исповедувајќи, Те молиме и преколнуваме пред лицето на Твојата слава, Спасителе наш, Кој заради нас  се преобрази: нека нам не ни бидат  за суета сите Твои спасоносни дарови, просвети го нашиот ум со разбирање на Твоето Свето Евангелие, за да со обновување на умот се преобразуваме се додека на крајот  во нас не се всели Твојот ум, Христе, да не  го мислеме повеќе она што е човечко, туку она што е божествено.  Срце чисто соѕидај во нас, Боже,  појасно да Те видиме Тебе, вистинскиот Бог наш  и со животворната светлина на Твоето Лице,  привлечи ја кон Себе нашата богоборна волја како што цвеќето на земјата според законот на Твојата волја се свртува кон сончевата светлина. Ти Самиот живеј и дејствувај во нас, Боже,  за да отфрлајќи го стариот човек, и облекувајќи се во нов, почнеме да одиме во обновен живот,  додека нашиот стар човек се обновува од ден во ден. Гледајќи ја славата Твоја  со откриено лице,  да се преобразуваме во тој ист лик, од слава во слава, додека сите заедно  и секој од нас не достигнеме во совршен човек, во мерка на растот на полнотата  Христова. И најпосле  Си благоволил од словесна душа и тело човек да направиш, за телото да и служи на разумната душа. Преобрази го, затоа и нашето понижено тело, да биде сообразно на Твојата слава; исцели го од страстите и слабостите, закрепни ја неговата природна слабост, заштити го од погубните дејства на стихиите: најмногу пак, во најблиското соединување со Тебе во Најсветата Евхаристија,  претвори го од земно во небесно,  од душевно во духовно, навистина да бидеме тело од Твоето Тело, и коска од Твоите Коски. Така согласно прославувајќи го    Бога во телата и душите наши,  на оваа земја, нека заедно со душата и телото се прославиме заедно сите ние собрани, кои од еден Леб и Чаша се причестивме, направи да се сметаме себе за делови на едното Тело на Твојата Црква,  која Си ја поставил на земјата како зрно синапово, кое кога ќе порасне ќе стане како големо разгрането дрво на Царството Божјо, додека не ја покрие цела вселена. Соедини не сите нас со еднодушно исповедање на Твојата спасоносна вера еден со друг со љубов спрема Тебе; помогни ни со Твојата благодат да ја обработуваме и чуваме Твојата Црква, како првосоздадениот рај  кој си го предал на човекот, и да не ја надвладеат вратите на пеколот, додека не ги положиш сите непријатели на Своето Царство под нозете Свои и седнеш на престолот на славата на царството Твое, во кое и ние ќе засветлиме како сонце со Тебе, просветлувајќи се овде во Тебе преку Преображението. О, Господе Исусе Христе, Цару Небесен! Нека дојде Царството Твое, кое не е од овој свет, а навистина владее со овој свет, и нека наскоро го здогледаме Твоето Царство  како доаѓа во сила. Да, дојди Господи Исусе Христе и остани со нас, како што Си ветил до свршетокот на овој век и во бесконечни вечни  векови. Амин.    

Крај, слава и пофалба на Бога!

 

Библиотека
Небесни Цветови



Едиција:

Акатисти

  Манастир
 Св. Атанасиј Велики
 Лето Господово 2006
 Журче – Демир Хисар



Во Слава на Светата, Едносушна, Живототворна, и Неразделна Троица,
Отецот и Синот и Светиот Дух



Со благослов на Високопреосветениот
Митрополит Преспанско -  Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски         

    Господин ПЕТАР

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная