Свештеник Јане Илиев: „Бог е љубов“
Таков е нашиот Бог, во Кого ние веруваме и Кој е љубов и правда! Пројавувањето на Неговата правда ние, исто така, го гледаме за време на Неговиот земен живот. Спасителот - постојано ги изобличувал книжниците, митарите и фарисеите за нивните беззаконија; со бич ги изгонил трговците од храмот, кои домот за молитва го претвориле во разбојничко гнездо.






Малку е да се каже дека згрижува актуелната дестабилизација на мирот во светот. Не е доволно да се каже дека војната не смее да биде начин на решавање на отворените прашања и дека не смеат да страдаат невини луѓе, ни во Украина, ни во Јемен... Малку е, не е доволно да се каже, но треба да се каже. На почетокот бил зборот. Добриот збор. И отворил железни порти.
Прифаќајќи ја оваа мисла забележана во Библијата, тој во почетокот не можел да претпостави дека на преводот ќе работи речиси цели 50 години, завршувајќи го својот труд во својата длабока старост. Притоа преведувачот на македонската Библија не очекувал дека неговиот библиски превод ќе биде оценет како „јазичен темел“ на Македонската православна црква и на нејзината автокефалност.
Процесот на целосен превод на Библијата на современ македонски јазик, го започнал веднаш по ослободувањето. Капиталното дело, целосно било завршено во 1990 година, кога и излегло од печат. Архиепископот Гаврил се повлекол од престолот во 1993 година поради старост. Починал на 4 март 1996 година и е погребан во манастирот „Свети Наум“ во Радишани крај Скопје.
На 4 март оваа година се навршуваат дваесет и шест години од упокојувањето на Архиепископот Гаврил, трет архиепископ на возобновената Охридска архиепископија, денес Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Архиепикопот Гаврил ќе биде запаметен по неколку крупни успеси што ги направи .
Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи.
Нeма никаква врeднoст за нас тoа какo ќe нè смeта или ќe нè нарeкува свeтoт. Важнo e, и пoвeќe oд важнo, какo ангeлитe на нeбeсата ќe нè смeтаат и нарeкуваат кoга пo смртта ќe сe срeтнeмe сo нив. Тoа e oд судбoнoсна важнoст и сeтo oстанатo e ништo. Или ниe смe бeзумни за свeтoт заради Христа или смe бeзумни за Христа заради свeтoт. Нo кoлку e краткoтраeн збoрoт свeтски!

Сега, кога влегува царот со својата придружба во некој град, секој од нас, бидејќи е свесен за својата нискост, не чувствува толку задоволство од таа глетка, колку што го обзема тага, од причина што не се наоѓа близу до него и што ни малку не може да соучествува во велелепноста
Во нашиот подвижнички живот во Црквата ништо друго не правиме, освен тоа што градиме љубовен однос со Богочовекот Христос. Црквата е Богочовечка тајна во којашто ја живееме тајната на воплотувањето Христово – вистината дека Бог толку Го возљуби човекот што се поистовети со него, дојде во овој свет воплотувајќи се, стана човек.
Ако се запрашаш, а ќе се запрашаш кога тогаш, треба ли човек да е добар со сите, ти знај дека треба да се обидеш човечки да бидеш добар со сите. И обиди се секому да помогнеш. Во помошта не се гледа на вера, нација, а уште помалку партија. Многу пати ќе се изгориш и пак сам ќе се запрашаш, та треба ли да продолжам. Не се обесхрабрувај!
Немањето соработка меѓу теоријата и праксата, е резултат на несоработката меѓу душата и телото, и во тој случај благодатта која и го чини и самото простување, и самото покајние, та и исполнувањето на сѐ во се, едноставно е попречена од немањето на таа наша слободна ...
А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше голема власт: и земјата светна од неговиот блесок.
Упокоените чувствуваат радост кога некој нивен потомок Му е близок на Бог. Ако ние не сме во добра духовна состојба тогаш страдаат нашите упокоени родители, нашиот дедо, нашиот прадедо, сите генерации. Но, ако сме во добра духовна состојба, се веселат, бидејќи и тие учествувале во тоа да се родиме и ние и Бог на некој начин е обврзан да им помогне.
Ако кога си во подвиг ѝ се противставуваш на непријателската сила, па видиш дека таа се повлекла пред тебе во изнемоштеност и бега назад, твоето срце да не се радува на тоа, зашто зад тоа се крие лош план против тебе; тие тогаш подготвуваат нов напад против тебе – поопасен од првиот. Тие оставаат заседа зад тебе, на која ѝ наредиле да демне.


























