Св. Николај рамноапостолен Архиепископ Јапонски:Подготви ја твојата душа за искушение
Искушенијата се јавуваат во две форми: првата – тестови, испратени одгоре; втората – соблазни оддолу. Искушенијата, испратени од горе го утврдуваат квалитетот на човечките добродетели. Бог од самиот почеток го познава срцето на човекот, па затоа ги испраќа искушенијата, не со цел да дознае какви се нашите добродетели: тоа се прави за самиот човек, откако во нив ќе види примеси на лаги и измами, да се покае и да се сврти кон доброто. Да не се лишуваме од таквите искушенија, испратени од горе.