За бескрајната вредност на Литургијата
Човекот не сфаќа, не е свесен каква скапоценост поседува. Не е свесен за тоа, сè додека таа среќа не му се одземе. За жал, не е својствено за човекот да го цени она што без труд го добива; тој не го цени сонцето, не го цени воздухот што го дише. Но, кога ќе му се одземат сонцето и воздухот, кога мракот ќе настапи и кога ќе нема што да дише, тогаш човекот ќе сфати што поседувал и од што сега е лишен.
Истото се однесува и на божествената Литургија. Таа се служи секојдневно; човекот има можност секој ден да оди во црква – но, не оди, а ако, пак, некогаш појде, тој обично е невнимателен, расеан, носејќи ги со себе во храмот и животните грижи. Зошто е тоа така? Па, затоа што тој не размислува што значи Литургијата, не ја сфаќа целата длабочина и целата важност на службата што се служи пред неговите очи. Но, треба да се знае дека од сите чудеса, најголемо, најнеразбирливо, најчудесно чудо е токму божествената Литургија, Евхаристијата.
Само заради божествените Тајни, сонцето на небото го осветлува денот, а месечината ноќта; и ѕвездите небески ја испраќаат својата прекрасна светлина, и земјата го дава својот леб – за да послужи како светол Агнец на Престолот. Само заради божествената Литургија земјата го дава својот плод; лебот со кој се храниме, тоа се трошките од Господовата трпеза.
Св. Серафим Звездински
Избор д фб профил на Светланка Трајчева
Друго: https://svetosavlje.org/biti-sa-gospodom-na-svetoj-liturgiji-tumacenje-bozanstvene-sluzbe/