Старец Софрониј (Сахаров): Тежок подвиг е молитвата (20.10.2015)
Вистинската молитва, која нѐ соединува со Севишниот, не е ништо друго освен светлина и сила која се спушта на нас од небесата. Таа по својата суштина го трансцендентира нашиот план на постоење. Во овој свет нема извор на енергија за неа. Ако јас се хранам добро, за моето тело да биде силно, тогаш плотта моја го бара своето, и сѐ повеќе и повеќе: неа не ѝ е до молитва.