Љубовта е основна тема во Месопусната недела. На овој ден, од Евангелието се чита Христовата парабола за Страшниот суд (Мт 25,31-46). По каков закон Христос ќе ни суди кога ќе дојде во тој ден. Во параболата се одговара: Љубов, и тоа не само хуманитарна грижа за апстрактна правда и за анонимниот „бедник“, туку конкретна и лична љубов кон човекот, кон секое човечко суштество што по Божја волја ќе го сретнеме на нашиот животен пат...
Христијанската љубов е нешто спротивно на „социјалната активност“ со којашто денес често го идентификуваат христијанството. За социјалниот активист, предмет на љубовта не е личноста туку човекот, апстрактен дел земен од не помалку апстрактното човештво. За социјалниот активист, личноста не претставува никаков интерес и тој често ја жртвува во има на „општото добро“. Може да се заклучи, не без основа, дека христијанството се однесува мошне скептично кон апстрактното „човештво“, но тоа се изменува себеси и прави смртен грев секогаш кога ќе ја занемари грижата за одделната личност и љубовта кон неа. Социјалниот активизам секогаш е „футуристичен“ во својот пристап. Тој секогаш дејствува во име на праведноста, поредокот и достигнувањето на идната среќа. Христијанството пак, малку се грижи за загадочната иднина, а сета своја сила ја насочува кон сегашиот, единствениот момент кога треба да се покаже љубов.
Извор: Мистагогија