"Кога учев во колеџ, нашата професорка вака ни говореше: ,,Девојки, запомнете за целиот ваш живот: Умен маж и умна жена - тоа не е едно исто." Зошто? Умниот маж има обилно знаење, извонредно мислење. Умната жена во комуникацијата не ја истакнува претерано својата интелегенција, особено во семејството. Таа се труди да најде најдобро решение, најмеко, најбезболно, кое ќе им одговара на сите во семејството, за да му помогне на мажот и за да сé биде мирно и спокојно.
Многу од наши жени не се однесуваат умно. Тие одат во фронтален напад, дејствуваат како борци на ринг, почнуваат женски бокс. Што прават мажите? Тие се тргаат настрана. Сакаш да војуваш, па, војувај.
Флоренска Тамара Александровна, московски психолог (нека и' даде Бог Царство Небесно), има кажано прекрасна фраза: ,,За нечиј сопруг да биде вистински маж, треба самата таа да стане вистинска жена."
Треба да започнеме од самите себе. Тоа, се разбира, е тешко, само без тој труд не се добива вистински маж. Кога жената постојано е во поплаки и хистерија, мажот се труди да се повлече, за да не оглуви."
- Монахиња Нина Кригина
Избор од фејсбук страната на:
Снежана Корнет
5-ти март 2016 год.