Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)
Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и на земјата, и наместо да спасуваш души – кои сакаат да се спасат, таа власт да ја користиш со намера за нивно вечно погубување, од лично суетни и од национал-шовинистички побуди – немам зборови. Тоа е толку голем грев пред Бог што поради него страда целото Православие.