логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Митрополит Нектариј Арголидски

Веќе е четврти пат како мојот другар од детството, о. Јован Фотопулос ми прави чест и се занимава со мене, обидувајќи се да ги побие моите ставови, кои сум ги изразил низ текот на времето, можеби со строгост, но и со многу болка и пастирска одговорност.

Како и при останатите напади, си реков да не одговарам. Сигурен сум дека нема никакви шанси ниту најмалку да се промени. А, од друга страна, започнува една војна со одговори, одговори на одговорите, побивања итн. На тоа му нема крај. Но, овојпат одлучив да одговорам на некои места од неговото писмо, заради добронамерните луѓе кои имаат проблем и се соблазнуваат.

Во текот на овие месеци, после појавата на Ковид-19, сите ние преживуваме една трагична состојба, со сериозни последици – економски, социјални, психолошки и, најглавно, здравствени. Луѓе се болни, едни полесно, други посериозно, трети се во опасност, четврти завршуваат на начин кој не би му го посакал ни на враг. За жал, многумина не ја сфаќаат ситуацијата сериозно. Некој би очекувал од „духовните“ луѓе, особено од клириците, да се држат до еден поодговорен став. Но, познатото малцинство од познатата насока, заглавено во теориите на заговор, на новата епоха, во антихристологијата, во похотливост по пророштва и така натаму, насекаде гледа сомнителни потези кон пад (се разбира) на Православието и наметнување на глобална диктатура. Доаѓањето на Ковид-19 беше прилика од прва категорија за да заживее оваа „опасност“. На читателот ќе му предочам дека во мојата архива имам текстови и објави од времето на постари епидемии, како на пример H1N1. Неверојатно е како и тогаш ги пишуваа потполно истите работи. Барем да постоеше некоја оригиналност… Тие, значи, настојуваат дека целата оваа трагедија што ја доживуваме е една голема лага, дека Ковид-19 е едно обично грипче. Кога ќе ги соочиш со бројките на заразени и починати, одговараат дека сето тоа е една добро наместена измама. Такви работи пишува о. Јован. Но, едноставно е. Зошто не одат во една болница, за со свои очи да ги видат оние што се на респиратори? Сите лекари и болничари, кои се борат за да спасат животи, се измамници? Сите се заговорници на новата епоха? Сите се инструменти на Бил Гејтс? И ако не се плашат, зошто не одат на интензивна нега, за незаштитени да им служат на болните таму?

Возљубен о. Јоване, се сеќавате на оние убави години, кога ги посетувавме отците Срби во нивната куќичка во Света Параскева и бесконечните разговори со нив? Им должиме толку многу… Но, нашите сакани о. Амфилохиј и о. Артемиј си отидоа од коронавирусот.

Да се вратиме кај нас. Манастири на Света Гора, но и во цела Грција се соочени со тешко искушение. Монаси, монахињи, свештеници и епископи поминаа и поминуваат големи искушенија, додека некои и го загубија својот живот. Или не е така? Се сомневате дека толку возљубените од вас отци од манастирот на Пелопонез беа заразени од коронавирусот и дека еден поради тоа го загуби животот? Зошто ги затворате очите? Викате за маската, но можеби е подобро да ја извадите маската што ја носите на очите и конечно да видите што се случува околу вас?

Еден јеромонах од северна Грција и самиот беше противник на мерките и на маската. Но, кога се разболе и беше во опасност и тој и тие со него, нека му е на чест – излезе јавно и побара извинување. Еден друг пријател, клирик, кој се избави од сигурна смрт, ми се исповеда колку се покајал за сѐ што говорел порано и ми рече: „На секој што се сомнева, кажи му да ми ѕвони, па да му кажам јас низ што поминав“.

На крајот од текстот пишувате: „Нема потреба ние клириците да зборуваме за маски, заштита и општествена одговорност, да стануваме измеќари на власта. Имаме друга заповед од пророкот: ‘Утешувајте го, утешувајте го мојот народ, вели Бог’“ итн.

Ова, отче Јоване, да одите и да му го кажете на свештеникот од Солун, што се разболе, умре и остави четири деца сирачиња. Да го кажете на родителите на 25-годишното момче од Сер, на свештеникот што загуби многу млада попадија, оставајќи и таа деца сирачиња. Знам дека ќе имате спремни цитати: „Ги зеде Бог, беше Божја волја“ и слични на нив, кои Го имаат Бога како виновник за смртта.

Се осврнувате и на прашањето на толку популарната маска. Научниците настојуваат дека во моментов, единствената вакцина, единствениот лек е маската. Секако, несовршено средство, но доволно заштитно. Но, за вас маската добила „духовни“ димензии – таа покажува недостиг на вера, симбол е на угнетување, замолкнување, ограничување на слободата итн. Ве прашувам, би прифатиле да ви прават операција без лекарот да носи маска? Тој ја носи за болниот, за да го заштити. Се работи за медицинско прашање, о. Јоване, за ништо повеќе. Во текот на вашето служење немате видено болен од рак да носи маска во храмот? Ви текнало некогаш да му речете на таков човек да ја извади маската? Аман! Маската е потребна за болните, кои се многу ранливи на инфекции, а тоа се случува и сега. Ја носиме маската чисто од медицински причини и единствено затоа, за да ги заштитиме другите. Да советуваме или да заповедаме некому да не носи маска е неодговорно и опасно. Подобро, отче Јоване, да се научиме и ние да ја извадиме невидливата маска на лицемерието, за која Христос ги кажал оние страшни „тешко вам“.

Друго прашање кое го отворате, и вие, а и други, се интернационалните групации, кои ќе најдат можност за профит од вакцината. Ако имате такви морални потешкотии, немојте да се вакцинирате, за да не се збогатат групациите. Но, да ве прашам. Вашиот автомобил од каде е? Не е од интернационална групација? Зошто сте го купиле тогаш? Не ги помагате богатите магнати? И само тоа? Погледнете во вашиот дом… Сите апарати, телефонот, компјутерот, не доаѓаат од групации? Лековите што ги земаме, од аспирин, па до најспецифичен лек, не се ли и тие од групации? Не сум слушнал некој да се откаже. Тогаш, зошто двојни аршини? Освен ако верувате само во маџуните на баба ви…

И вие, а и други, нѐ призивате нас епископите, дека сме станале прислужници на власта, како не би ги загубиле положбите, платите итн. Така сме ги затвориле црквите, со цел верниците да не можат да се црквуваат и да се причестуваат. Не, отче Јоване. Не сме се покориле на власта, туку сфативме дека собирањето е опасно по здравјето на луѓето и затоа, привремено, прифативме да ги затвориме црквите. Секако, вие го држите ставот дека храмовите се антибактериски кафез и никој не може да се зарази. Значи, ако влезе некој болен во храмот, микробите умираат! Или дека верниците ја имаат Божјата благодат и не се заразуваат. Но, отче Јоване, со крштението и со влегувањето во Црквата, ние не потпишуваме договор за осигурување. Нашиот однос со Бога не значи „животна полиса“, не може да биде трговска врска. Како паднати луѓе, и ќе се разболуваме, и ќе болуваме и ќе умираме. „Во светот ќе имате жалости“. Колку луѓе почувствувале нелагодност, или им се слошило во храмот? Колку се разболеле? Јас имам видено човек како претрпува инфаркт за време на света Литургија. Не го оспорувам чудото, зашто чуда стануваат и ќе стануваат и се молиме за тоа, но сметам дека е неприкладно да велиме дека во храмот сме „безбедни“.

Ќе се префрлам на прашањето на тајните Литургии. Ги пофалувате свештениците кои „се спротивставуваат“, богослужат и ги причестуваат верните, не грижејќи се за опасностите. Овие денови се случи и овој настан. Некој „зилот“ свештеник, без благослов и спротивно на препораките на својот епископ, отслужил Литургија со многу „верници“. Гледате, вие и отец Василиј Волудакис (свештеник познат по непослушноста, б.п.) насекаде имате приврзаници. Така, значи, вдахновен од табелата која пред храмот ја имаше поставено о. Василиј, и тој ги напишал истите досетки и ги поставил пред својот храм: „Кои се колебате да влезете во светиот храм, останете во дворот или во тремот, зашто одговорните за храмот го почитуваат боголикиот образ на секој верник и одбиваат да бидат полицајци на местото на Божјата благодат и во Христа слобода“. Така, значи, богослужел, спомнувајќи го, секако, името на епископот, и ги повикувал верниците без страв и маска да пристапат на света Литургија. Но не само тоа, туку и ги известувал другите парохии дека тој, како „зилот за отечките преданија“, не обрнува внимание ниту на законите, ниту на Синодот, ниту на епископот, ниту на маските. Оригинал православен! Некој ден почнал да ги чувствува првите симптоми на коронавирусот, но не им придал важност, ниту се вознемирил. Продолжил да богослужи, верувајќи како вас, дека во храмот никој не се заразува. После неколку дена се најде во многу лоша состојба, во болница. Таму, пред призорот на смртта, му се струполија сите зилотизми, и православија и сѐ.

Ќе бевме среќни ако злото застанеше таму, но не. Се заразија и други луѓе, а некои од нив се во многу лоша состојба. И тие имаат одговорност, но одговорноста главно лежи кај свештеникот. Индиректно и кај вас, кој иако сте далеку, влијаете врз други клирици. Вакви примери има многу, зашто криминалната неодговорност на некои клирици стана причина за ширење на вирусот. Секако, сите сме изложени на вирусот и може да се разболиме, но да не ги запазиме основните мерки за заштита во името на верата, е во најмала рака неодговорно и криминално. Нешто вели свети Никодим Светогорец за ова… Но, ваквата состојба ја прави целата Црква неодговорна и недоверлива и, за жал, го поттикнува гневот на луѓето. Навистина луѓето имаат потреба од надеж и утеха во Христа, но не на начинот кој вие го разбирате.

На крај, се осврнувате на темата на тоталитаризмот. Тоа вистина предизвикува ужас и, како што знаете, јас имам многу пишувано за тоа. Не негирам дека и во иднина може повторно да се случи тој кошмар. Но, конкретниве теории не ме убедуваат. Тоа што не можам да го поднесам, отче Јоване, како и многу други наши браќа – е „зилотскиот тоталитаризам“. Пред неколку дена, отец Василиј Термос напиша еден многу прекрасен текст за ова. Секако, знам колку вознемирувачко за вас е ова име и неговите текстови, но прочитајте го. Минимален број на клирици и лаици, кои себе си се нарекуваат вистински православци, традиционални, сезнајковци, злоупотребувачи на луѓе, имаат создадено еден неформален, потполно тоталитаристички режим. Не само што за сѐ изразуваат мислење – што е праведно и разбирливо – но сакаат своите мислења да ги наметнат на другите на еден силеџиски начин. Средствата со кои се служат се познати: обвинувања, закани, сублиминални пораки, потценувања, клевети, оговарања. И сега, со интернетот, се претворени во страв и трепет за благочестивите клирици, па дури и за епископите. Кај секого наоѓаат „отклонување“ од православната вера, лепат етикети на „нововерци“, екуменисти, предавници и толку од нив. Потоа, ако надлежните претпоставени се обидат да преземат мерки, започнуваат со насилство, со бура од писма, потпишани и непотпишани, од загрижени „верници“, протести, па дури и закани.

Еден епископ, динамичен и достоен според сѐ друго, трпеше и се потчинуваше на еден соработник, кој се занимава и со новинарство. Пред неколку години, го прашаа зошто го трпи, кога знае каков е. Тој ја нишна главата и одговори: „Знам дека е гнаса, но е многу опасен; подобро да го имам покрај мене, отколку против мене“. Но, битно да не се допре Православието! За жал, новинарскиот популизам е добро навлезен во црковната средина, а од тоа ќе трпиме болни последици.

Отче Јоване, жал ми е што во овие денови сум приморан да му се обратам на еден стар другар на ваков начин. Ќе се обидам да не се занимавам со ова повторно, знам дека нема смисла. Ти ако сакаш, можеш да продолжиш, но лично и пак ќе ти кажам дека не го трпам овој срамен тоталитаризам што некои се обидуваат да го наметнат на душите за кои Христос умре. Летово што помина, после празничната вечерна во една моја парохија, ми пристапи некој си, со див став, убедено осудувајќи ме поради маската. Многу се нажалив кога ми кажа дека е твое духовно чедо. Се запрашав: „Боже мој, зарем вакви Христијани воспитуваме?!“

Уште додека бев лаик, еднаш се најдов во колибата на свети Пајсиј. Некој клирик говореше со воздржливост, но и со лажно сочувство за некој епископ кого го сметаше за екуменист итн. Една од осудите беше дека епископот пушел цигари! Свети Пајсиј го познаваше конкретниот епископ и одговори на многу строг начин: „Ја претпочитам повеќе цигарата на тој епископ, отколку темјанот на зилотите!“

Бог да нѐ помилува сите! Добар Божик!

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/72337/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2039
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2559
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная