Ако во рацете ја имате можноста, да го прекинете маѓепсаниот круг на освета, зошто тогаш и понатаму сакате да останете во него? Сите сценарија кои ги применувате во животот се тука, бидејќи сте навикнале на нив, добро сте ги научиле и со години секојдневно ги применувате.
Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека осветата не спаѓа во подобри избори во вашиот живот. Не сметајте дека ако враќате со иста мера е единствено решение, кога сте донесени до работ на провалијата? Знаете ли какви ќе бидат резултатите од битката над некоја внатрешна провалија?
Ранетите луѓе понекогаш носат најнерационални одлуки. Дистанцирајте се, пронајдете нова средина за вашата душа и започнете отпочеток. Кога ќе ги смените мислите, се’ во вашиот живот почнува да се менува.
Дозволете новиот поглед на свет и други околности, да почнат да бришат се’ она старо што сте поминале и доживеале. Бидете цврсти како стена во своите вредности, кога ги кршат од сите страни. Бидете флексибилни како сламка, во своите обрасци на однесувања, како и на бурите кои ве носат, обидувајќи се да ве скршат, а вие се спротиставувате на тие стравични удари.
Сето страдање што сте го потришиле, ќе има смисла кога во својот живот ќе ги смените начините на размислување и кога ќе престанете, секогаш во другите да гледате виновници за животот каков што го живеете.
Не спуштајте се на нивото на луѓето кои ве повредиле, бидејќи повеќе никогаш нема да можете да го вратите своето старо ниво. Тешко ќе ги повратите стандардите кои сте ги поставиле, кога ќе се спуштите во подземјето на своите обрасци на однесување.
Таму ќе најдете и ќе искусите сешто. Ќе сфатите дека сте ја изгубиле слободата да се издигнете над околностите и дека повеќе немате моќ, да го обликувате својот живот кој заслужувате, туку се движите во правецот, во кој ве туркаат другите.
Издигнете се и тргнете понатаму без оглед на се’.
Марио Жувела