И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето.
Кон познанието на вистинскиот Бог
Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот Троичен Бог на луѓето! Најголемиот проблем што го среќаваме во историјата на целото човештво било токму богопознанието, без кое пак, нема ни вистинско себепознание. Зашто, тие две појави, познанието на Бога и познавањето на себеси, се взаемно и неразделно поврзани.