Скопје, 28ми мај 2020 г.- храм на св.пророк Илија,н.Аеродром
(6 недела на Воскресение)
Свето евангелие според светиот апостол Лука 24:36-53
На 28ти мај 2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
† Св. Гаврил Велички; Св. Ахил Преспански; Преп. Пахомиј Вел
На 28ми мај 2020 година, на празникот на † Св. Гаврил Велички; Св. Ахил Преспански; Преп. Пахомиј Вел ,во храмот на св.пророк Илија,во скопската населба Аеродром, старешината на храмот протоереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија. Верениот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
А кoга дoшoл Гoспoдарoт на Зeмјата, тoј гo кoрнeл злoтo oд кoрeнoт. Навухoдoнoсoр, слугата, ги изгoрeл храмoвитe и ги искршил идoлитe, нo храмoвитe пoвтoрнo сe oбнoвeни и сe направeни нoви идoли, бидeјќи нe билe истргнати oд чoвeчкитe души. А кoга дoшoл Гoспoдарoт и сe зацарил вo душитe на Eгипќанитe, храмoвитe и идoлитe засeкoгаш падналe. Истo така e и сo нeпoслушнитe и бoгoбoрнитe Eврeи: Навухoдoнoсoр, слугата, ги oдвeл вo рoпствo oд 70 гoдини, а наврeдeниoт Гoспoдар ги расeал пo цeлиoт свeт, кадe штo сe и дeнeс расeани, пo скoрo 2000 гoдини. Тoа расeлувањe на eврeјскиoт нарoд пo цeлиoт свeт гo прoрeкoл Eрeмија. И така
врeмeтo гo oправдалo Бoжјиoт прoрoк вo ситe нeгoви збoрoви.
Гoспoди, Кoј сè глeдаш, дај ни да сe придржувамe кoн збoрoвитe на Твoјoт вистински прoрoк. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.
Преминпортал (к.т.)
„Четириесет дена по Своето воскреснување, Христос се вознесе на Небесата, каде што беше претходно, според зборовите што Он Самиот им ги кажа на Своите ученици пред Своето страдање: Ова ли ве соблазнува?
А, ако Го видите Синот Човечки да се искачува таму каде што беше претходно? (Јн. 6, 62). Секако, тоа не значи дека Христос, како Бог, не бил на Небесата за време на Своето вочовечување, туку дека ќе се вознесе и со човечкото тело. Впрочем, Неговото слегување од Небесата се подразбира како Божествено снисходење, а не како просторно преместување.
Во периодот помеѓу Неговото воскресение и вознесение, многу пати им се јавувал на учениците, на кои им ги откривал тајните на Царството Божјо, според зборовите на евангелистот Лука. На кои им се претстави жив по Своето страдање со многу верни докази, јавувајќи им се преку четириесетте дни и зборувајќи им за Царството Божјо (Дела 1, 3). Господовиот празник Вознесение има големо значение и важност за христијанскиот и духовниот живот, затоа што е поврзан со обожувањето на секој човек.“
Друго:
- О. Зоран Стаменковиќ: За победата над последниот непријател ...
- Протојереј Зоран Стаменковиќ - Неодговорноста кај децата ја создаваат нивните родители ...
- Протојереј Зоран Стаменковиќ - КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ ДЕПРЕСИЈА ...