Митрополит Европски Пимен: Омразата е плод на себељубието што секој од нас го носи во себе
Откако стана епископ на Црквата и замина по белиот европски свет да ги собере сите Македонци, кои покрај куферите со себе ја понеле и верата во Христа Бога, за заедно да се молат на Бога во наши храмови и да Му благодарат на Христа Бога за сето тоа, отец Пимен повторно и повторно го бара и го сонува параклисот, и така секоја година.