Божествена Литургија и панел-дискусија на вероучители од Македонија и Србија во Слепченскиот манастир
Божествена Литургија беше отслужена во Слепченскиот Манастир во неделата на 20. oктомври, на која началствуваше преосвештениот епископ Новобрдски г. Иларион од Српската православна црква (СПЦ) во сослужение на епископот Велички г. Никола, заедно со игуменот Серафим и свештенослужители од двете помесни цркви.
После трпезата на љубовта се одржа панел дискусија на околу 50 вероучители од Македонија и Србија. Со самата дискусија раководеше епископот г. Иларион кој е кординатор одговорен за верската настава при Архиепископијата Београдско-карловачка којашто опфаќа околу 270 вероучители.