логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Акатист на чудотворната икона на мајката Божја наречена Царица на сите

BOGORODICA.Carica.na.site
Кондак 1
Стоејќи пред Твојата новојавена икона,Тебе,Царице на сите,ние слугите Твои песни Ти вознесуваме:испрати им исцелување на слугите Твои,кои кон тебе сега прибегнуваат,сите радосно да ти воксликнуваме:
Радувај се,Царице на сите,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Икос 1
Ангел Претстател беше испратен од небесата да и рече на Богородица:Радувај се!И гледајќи те Господи,како се воплотуваш со глас бесплотен,Нејзе и воскликна:
Радувај се,почеток на нашето спасение!
Радувај се,исполнување на домостројот на Творецот!
Радувај се,со тебе Бог се овополоти!
Радувај се,во Тебе се изобрази Невидливиот!
Радувај се,Ти Милоста на светот во утробата Своја ја прими!
Радувај се,Ти на телото на Логосот облека си Му исткала!
Радувај се,за умот недостижна Вишна славо!
Радувај се,мано небесна Која срцата ги оживеа!
Радувај се,ѕвездо од Која сјае благодат!
Радувај се,извор кој жива вода излива!
Радувај се,Богородице,Благословена меѓу жените!
Радувај се,Секогаш Дево која Спасителот Го роди!
Радувај се,Царице на сите,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 2
Беспочетниот Логос преку тебе Дете мало стана,давајќи им исцелување на оние,кои Тебе Дево Те почитуваат и Неговото неискажливо Раѓање го воспеваат:Алилуја!
Икос 2
Сакајќи да го сознае тоа што е несознајно,Дева на Тајнослужителот Му рече:кажи ми како е можно како Чиста Девојка,Мајка на Севишниот да станам?Гаврило и одговори,иако со страв,но сепак воскликнувајќи:
Радувај се,на Вишниот Совет Избраничке!
Радувај се,Брза Послушничке на гласовите на оние кои Ти се молат!
Радувај се,ризницо на мирот Христов!
Радувај се,на луѓето Твои надеж и сила!
Радувај се,на раните предизвикани од рак,чудесно уништување!
Радувај се,на останатите болести исцелување!
Радувај се,Застапничке на светот!
Радувај се,сигурно избавување во неволјите!
Радувај се,плачот и солзите напрестано ги бришиш!
Радувај се,вратата на спасението на сите им ја отвораш!
Радувај се,скиптар и сила на оние кои Атос го населуваат!
Радувај се,палка на монасите и мирјаните!
Радувај се,Царице на сите,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 3
Силата на Севишниот ја осени тогаш Неискусобрачната,и ја покажа како нива прекрасната Утроба Нејзина,за оние кои сакаат спасение да пожнеат,пеејќи:Алилуја!
Икос 3
Прекрасно се прослави Твојата света икона,Царица на сите наречена,кога ликот на Мајката Божја исцелителен се покажа.На оние кои со вера пред неа кон тебе повикуваат исцеление подари им,овие песни да се умножуваат:
Радувај се,Мајко на Светлината Која не заоѓа!
Радувај се,победа на оние кои до крај претпеа!
Радувај се,исцелување на оние кои боледуваат и страдаат!
Радувај се,на сирачињата и вдовиците неразрушливва Тврдино!
Радувај се,вратите рајски ги отвораш!
Радувај се,на изморените и преоптоварените Застапничке!
Радувај се,Ти која за спасение на верните се заземаш!
Радувај се,на родот човечки Молитвеничке!
Радувај се,Лествице Небесна која од земјата на небото возведуваш!
Радувај се,вода жива која смртните гревови ги миеш!
Радувај се,Агнице Која незлобивите срца ги чуваш!
Радувај се,Покров Кој ги закрилуваш чедата на Црквата!
Радувај се,Царице на ситте,Ти Која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 4
Живот на светот подарувајќи,Владетелот на светот се всели во утробата Твоја,за маж без да знаеш:покажувајќи Те Мајка на верните,ги повика во мир да Ти пеат:Алилуја!
Икос 4
Преславни чуда во тебе се случија,Граде Божји,со исцеленијата кои од Твојата света икона истекуваат;ние,пак,исцелителни потоци на милост од неа примајќи,Тебе,Царице на сите,со благодарност Ти воскликнуваме:
Радувај се,мелем со кој болката се ублажува!
Радувај се,пријатна ладовино,со тебе жештината на болните се разладува!
Радувај се,раните од ракот Ти како со оган ги согоруваш!
Радувај се,оние кои лекарите ги оставија Ти од одар ги подигнуваш!
Радувај се,Ти Својот пречист лик на избраните им го јавуваш!
Радувај се,Ти од врските гревовни разрешуваш!
Радувај се,со тебе избавување од смртта ни се дарува!
Радувај се,со тебе мноштво верни се оправдува!
Радувај се,висино недостижна за мислите човечки!
Радувај се,длабочино,Која единствено Логосот ја познава!
Радувај се,исполнување на пророштвото на древните патријарси!
Радувај се,Наставничке на јерарсите кои тебе ти се молат!
Радувај се,Царице на сите,Ти Која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 5
Како пречист храм на Спасителот Те познавме Слугинко Божја; кон Тебе припаѓаме,Чиста,храмови на Божеството да не направиш нас кои Нему Му воскликнуваме:Алилуја!
Икос 5
Го видоа ангелските чинови на Твоите раце Оној Кој со раката ги создал луѓето,и познавајќи ја во Тебе Единствената Владичица,иако слугинка се нарече,поитаа со песни да Ти послужат,Благословена,воскликнувајќи Ти:
Радувај се,Ти Која Бог нас Небесните Сили ја постави!
Радувај се,Ти Која светот со чудесни исцелувања го исполнуваш!
Радувај се,пофалба и слава од небесата слушаш!
Радувај се,благодарност од земјата примаш!
Радувај се,семето на распадливоста од срцата си го искоренила!
Радувај се,јаремот на замките ѓаволски го скрши!
Радувај се,долината на плачот со радост ја исполнуваш!
Радувај се,страдањата во небесна сласт ги претвараш!
Радувај се,пријатен пред Бога миомирис!
Радувај се,преизобилна веселбо на грешницте кои се каат!
Радувај се,праведна оград од искушенијата!
Радувај се,штит кој од непријателство и неред чуваш!
Радувај се,Царице на сите,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 6
Станувајќи проповедници богоносни,учениците на Спасителот,чудесно застанаа пред Тебе,Дево,кога од земјата на небо се вознесе,и со едно срце и едни усни Му вознесуваа песна:Алилуја!
Икос 6
Чудесна благодат засветли од иконата Твоја,Царице на сите,кога момчето,од сатанско учење помрачено,падна ничкум пред неа и така остана;ненадејно од врските на темнината ослободен,со страв и радост Ти воскликнуваше:
Радувај се,на нечесното живеење исправување!
Радувај се,утеха на тешките страдалници!
Радувај се,изгонување на демонските војски од Црквата!
Радувај се,расејување на маглите гревовни!
Радувај се,бидејќи демонските замки ги отстрануваш!
Радувај се,горо која со Небесна мана храниш!
Радувај се,долино која со смирението Христово наситуваш!
Радувај се,камен на Царството Небесно!
Радувај се,огледало на предвечната Светлина!
Радувај се,Царице на сите,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 7
Сакајќи Себеси за храна на верните да се дадеш,благоволи од Дева да се овоплотиш,примајќи Го Пречистото Тело во крвта Твоја,Тебе,Совршениот Бог да Те познаат и восхитувајќи се на оваа неискажлива премудрост,да воскликнат:Алилуја!
Икос 7
Јавувајќи се,Устроителот,покажа нова тајна,извршувајќи ја Својата Тајна Вечера;ние пак молејќи ја Царицата на сите,да не удостои на Светиња Божествена,песни вознесуваме:
Радувај се,Дарителке на Лебот Небесен!
Радувај се,Родителке на Животот вечен!
Радувај се,Чашо која нас во заедница со Христа не воведуваш!
Радувај се,душата и телото со Бога ги соединуваш!
Радувај се,златна лажичке полна со Божесвтени Тајни!
Радувај се,скапоцен Кивот,на Големата Светиња сместилиште!
Радувај се,прст Кој на Светата Евхаристија покажуваш!
Радувај се,трпеза која нас Света храна ни нудиш!
Радувај се,достојните причесници од десна страна ги поставуваш!
Радувај се,ревнителите на Светата Литургија од адот ги избавуваш!ж
Радувај се,смртните луѓе кон Изворот на бесмртноста ги приведуваш!
Радувај се,Своите чеда со мир и крепост ги оградуваш!
Радувај се,Царице на сите,Ти Која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 8
Гледајќи необично раѓање,секоја животна грижа да ја отфрлиме,горе да ги имаме срцата:бидејќи поради Овој се јави Вишниот,да ги повика оние кои Му воскликнуваат:Aлилуја!
Икос 8
Неотстапно во прегратките на Отецот пребивајќи,неописливиот Логос на земјата тело стана;Великиот Бог ја возвеличи Дева и погледна на смиреноста на Слугинката Своја,Која ова го слушаше:
Радувај се,сместилиште на несместивиот Бог!
Радувај се,Ти Творецот Кој е над се,на светот Му го јави!
Радувај се,Ти си пораз на царството на смртта!
Радувај се,исцеление на раните Адамови!
Радувај се,мелем кој правиш раните душевни да зараснат!
Радувај се,елеј со кој телесните рани се премачкуваат!
Радувај се,смирување на болките на родилката!
Радувај се,олеснување на маките на оној кој е на умирање!
Радувај се,бидејќи адот си го поразила!
Радувај се,осилото на смртта го затупи!
Радувај се,исчекување на општото воскресение!
Радувај се,на православните несомнено спасение!
Радувај се,Царице на сите,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 9
Сета природа на Ангелите и луѓето беше запрепастена со големото дело на Твоето Непојмливо вочовечување на Словото;ние,пак,восхитувајќи се на оваа голема тајна на побожноста,со страв и трепет благодарствено Ти воскликнуваме Тебе:Алилуја!
Икос 9
Луѓето од секакви слабости обременети,о Царице на сите,од Твојата Света икона неочекувани исцеленија добиваат,со вера примајќи благодат,тебе велегласно Ти воксликнуваат:
Радувај се,на здравите чеда Твои секогаш Чуварко!
Радувај се,на болните оздравување!
Радувај се,на настраданите деца исцелување!
Радувај се,Мајко на младите страдалници!
Радувај се,оние кои во немоќ лежат од одарот на болеста ги подигнуваш!
Радувај се,радост на оние кои ги обзеде страв од смртта!
Радувај се,Ти увото Свое кон човековите ридања го приклонуваш!
Радувај се,Ти милостиво погледнуваш на нашите повикувања!
Радувај се,Ти со радост небесна ги растопуваш болките земни!
Радувај се,во бурите страшни нетприродно трпение подаваш!
Радувај се,на оние кои плачат радост им подготвуваш!
Радувај се,на кротките крила за молитва им подаруваш!
Радувај се,Царице на сите,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 10
Устроителот на се,сакајќи човековата природа да ја спаси,иструлена од гревот,слегна на Тебе како што дождот руното го оросува,и правејќи Те капина несогорлива,Оној Кој е Бог,човек постана,за да Му пееме:Алилуја!
Икос 10
Тврдина си на девојките,Слугинко чиста,и на сите кои копнеат по чистота:бидејќи се всели во Тебе Бог,Кој ги очистува Своите словесни створенија,ослободени од секаква нечистотија,тебе пофалби да Ти вознесеме:
Радувај се,Собеседничке на оние кои по тихување копнеат!
Радувај се,венец на оние кои девственоста ја чуваат!
Радувај се,почеток и крај на духовното растење!
Радувај се,ризницо на Божествените откровенија!
Радувај се,Повереничке на Советот на Пресветата Троица!
Радувај се,на спасението човечко Причина!
Радувај се,висина,за гордите умови недостижна!
Радувај се,на смирените срца прибежиште!
Радувај се,Чиста,почиста од небесата!
Радувај се,Почесна од Херувимите и Серафимите!
Радувај се,Зарадувана,од Архангелот радост прими!
Радувај се,Утешена,рацете Твои Воскреснатиот Христос го допираа!
Радувај се,Царице на сие,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 11
Иако се трудиме славословија на Спасителот да принесеме,Владичице,секогаш непотребни слуги Твои остануваме,бидејќи може ли некој достојно Бога да го воспева,Чие име е како миро преизобилно излеано?Поради тоа Воскликнуваме:Алилуја!
Икос 11
Како голема светлина на оние кои седат во темнина нас не посети,о,Дево,Исток од висините,Синот и Бог Твој;и свеќа правејќи Те,на светлоносните чеда на Црквата им заповеда пофалби вакви да Ти принесат:
Радувај се,зоро на умното Сонце!
Радувај се,сместилиште на Огнот Божествен!
Радувај се,Светлино,Која на Светиите облека си им исткала!
Радувај се,свеќо која темнината демонска ја изгонуваш!
Радувај се,на паднатите умови просветување!
Радувај се,на грешните срца озарување!
Радувај се,десницо која од морето на метежот не вадиш!
Радувај се,зрак-патеводител кон Царството на тие кои се спасуваат!
Радувај се,молњо која ги соборуваш непокајаните!
Радувај се,гром Кој погубителите ги застрашуваш!
Радувај се,на злата совест просвеување!
Радувај се,не непоткупниовиот суд умилостивување!
Радувај се,Царице на сите,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 12
Посакувајќи благодат да ни даде,Дарителот на Стариот Завет ни подари Нов;ние,пак,благодат примајќи,и не по делата на законот,но преку верата спасение здобивајќи,сите вознесуваме:Алилуја!
Икос 12
Воспевајќи го Рождеството Твое,како што некогаш Израилот со кимбали праобразот на скинијата ја воспеваше,така сега и ние Тебе,вистинската Скинија,со добродетели Те прославуваме,од сите да слушнеш:
Радувај се,песно која на висините се пееш!
Радувај се,во низините се разлеваш!
Радувај се,на Едниниот Бог достојно му послужи!
Радувај се,на Божествената Троица со смирение си угодила!
Радувај се,Оној кој вековите ги носи во Себе си го зела!
Радувај се,Престол на Оној Кој во раката вселената ја држи!
Радувај се,тајно неискажлива на вековите и времињата!
Радувај се,цврста надеж на народите и племињата!
Радувај се,срдечна радост на богобојажливите свештеници!
Радувај се,брзо услишување на црковните и келијни молитви!
Радувај се,дом на Премудроста од Бога создаден!
Радувај се,сад на милоста,од Бога избран!
Радувај се,Царице на сите,Ти која нашите болести со благодат ги исцелуваш!
Кондак 13
О,Сецарице мајко,Која си го родила Словото Посвето од сите Светии,примајќи го сега ова славословие наше,од секоја смртна болест исцели не и од идната осуда избави не нас кои ти воскликнуваме:Алилуја!
(Овој кондак се чита три пати,а потоа се чита Икос 1 и Кондак 1)
Молитва прва Пресветој Богородици у част Њене иконе СВЕЦАРИЦЕ
О, свеблага, свечудесна Богородице, Панданаса — Свецарице! Нисам достојан да под кров мој уђеш! Али као Милостивог Бога милостива Мати, реци реч да се исцели душа моја и укрепи немоћно тело моје. О, Свецарице, пошто имаш моћ непобедиву и непрестано се за нас молиш, буди ми заступница, молитвеница да прославим преславно име Твоје свагда сада и увек и бесконачне векове. Амин.


Молитва друга Пресветој Богородици у част Њене иконе СВЕЦАРИЦЕ


      О, Пречиста Богомати, Свецарице! Чуј многоболне уздахе наше пред чудотворном иконом Твојом са Атоса донетом у Русију, погледај на чеда Твоја која од неизлечивих болести страдају и светој Твојој икони припадају! Као што птица крилима закриљује птиће своје, тако и Ти сада увек живо присутна, закрили нас Својим многоцелебним покровом. Буди несумњива нада тамо где нада нестаје! Буди трпљење и олакшање тамо где љуте туге надвладавају! Тамо где се мрак очајања у душе уселио нека засија неизрецива светлост Божанства! Утеши малодушне, укрепи немоћне, даруј умекшање и просвећење окамењеним срцима! Исцели Твоје болесне слуге, о Свемилостива Царице! Благослови ум и руке оних који нас лече, да буду оруђе Свемогућег Лекара Христа Спаса нашег. Теби живој која си са нама, молимо се пред Твојом иконом, о, Владичице! Простри своје руке које дају исцељење и лечења, Радости невољних, Утехо у тугама, да брзо примивши чудотворну помоћ прославимо Животворну и Нераздељиву Тројицу, Оца и Сина и Светога Духа, у векове векова. Амин.

 

 

Друго:

3.angeli.so.truba

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1775
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2058
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4271
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

31/08/2025 - недела

Преподобен Јован Рилски; Светите маченици Флор и Лавр; Светиот свештеномаченик Емилијан епископ Тревиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Андреј Стратилат 1 септември/19 август  2025

Тропар на св. Христов маченик Андреј Стратилат 1 септември/19 август 2025

Славата на земното звање оставајќи ја,Царството Небесно си го наследил,со капки крв како со скапоцени камења

Тропар на св.преподобен отец Јован Рилски 31 август/18 август   2025

Тропар на св.преподобен отец Јован Рилски 31 август/18 август 2025

Втемелен на покајание, излив на умиление,пример на утешение и на духовно совршенство беше твојот рамноангелен живот, преподобен.Оче Јоване, кој во...

Тропар на св. Христов маченик Мирон 30 август/17 август /  2025

Тропар на св. Христов маченик Мирон 30 август/17 август / 2025

Презвитеру Христов Мироне,оној кој телото твое го соголи,не можеше на душата да & напакости,туку слава поголема во Божји очи ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная