За свештеникот кој сакаше да се откаже од мантијата
Додека размислуваше за ова, си велеше во себе: „Она што планирам да го направам е голем грев, свештенството е служба над службите, ангелите се поместуваат за да помине свештеникот, а јас сакам да се распопам? А ако дознае за ова старец Симон, ќе умре од грижи за мене. Неговото духовно чедо, така да направи? Ќе почекам, додека тој да умре, па после ќе се распопам“.