логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА


   Во сабота на Вечернаː 3 стихири воскресни, 4 анатолиеви и 3 од Триод. Спомен на св. Јован Лествичник.
Стихири, глас 8.
   Преподобен оче Јоване, ти навистина секогаш Го славеше Бога, поучувајќи се со дејствителните боговдахновени зборови, семудре, и така се збогати со неисцрпна благодат, и се удостои со блаженство, одвраќајќи ги сите нечестиви совети.
Оче преславен Јоване, откако душата си ја очистил со потоци од солзи, и со сеноќни стоења Го умилостиви Бога, ти се искачи кон Неговата љубов и красота, блажене! Со неа сега достојно се насладуваш, непрестајно радувајќи се со мачениците твои, преподен богомудре.
Преподобен оче Јоване, откако својот ум со вера го издигна кон Бога, ти се одврати од непостојаноста на овој вознемирен свет и, кога го прими твојот крст, тргна да Го следиш Оној што гледа сè, со помош на подвигот совладувајќи ја незаузданоста на телото и мислата, со поткрепата на Божествениот Дух.
   Слава, глас 5ː  Преподобен оче, кога го слушна гласот на Евангелието Господово, си го оставил светот, богатството и славата не сметајќи ги за ништо. Затоа и на сите си им викалː Ништо  не претпочитајте пред љубовта Негова, та кога ќе дојде во Својата слава, да најдете спокој со сите светии, по чии молитви, Христе, запази ги и спаси ги душите наши.
И сегаː прв богородичен од гласот (догматик). На стиховни, стихири од Осмогласник. Славаː на преподобниот, глас 2. Самогласен.
Почит да му оддадеме на Јована – ангел на земјата и човек Божји на небесата, добар украс на светот, наслада на добрини, похвала на испоснички добродетелиː оти, насаден во домот Божји, процуте праведно и, како кедар во пустината, ги умножи стадата на Христовите словесни овци, во преподобноста и правдата.
И сегаː богородичен, истиот гласː О ново чудоː Сега го отпушташː
Тропар, глас 1.
Пустински жител и во тело ангел, и чудотворец си се покажал, богоносен оче наш Јоване. Откако со пост, бдеење и молитва, небесни дарови прими, ги исцелуваш болните и душите на оние што ти приоѓаат со вера. Слава Му на Оној што крепост ти даде, слава Му на Оној што те овенча, слава Му на Оној што, преку тебе, на сите им дарува исцеленија.


УТРЕНА
   По вообичаениот почеток, следат канонитеː воскресниот со богородичниот на 6, и следниов од Триод на 4, и на светиот на 4. Канон на трипеснецот, глас 5.
Песна 1
Ирмосː На Бога Спасителот, Кој ги приведе луѓето преку морето со суви нозе, а фараонот и сета негова војска ги потопи, Нему Единствениот да Му пееме, зашто се прослави.
Станав сличен, Христе, на човекот што падна во рацете на разбојници, кој беше биен од нив и полумртов оставен, Спасителуː Таков сум и јас, ранет од моите гревови.
Не презирај ме мене, Спасителу, кој тешко боледувам, и твоето богатство на разбојници го потрошив, - плачејќи викаше (блудниот син). И јас така се моламː Помилуј ме, и спаси ме.
Христе Спасителу, Кoј ја извлекува мојата душа, ранета од разбојништвата на гревот и од лошите помисли, спаси ме како многумилостив.
Богородиченː Пречиста Мајко Христова, моли Го непрестајно воплотениот од тебе Бог, и Кој не се одвои од прегратките на Родителот, да го спаси од секаква опасност своето создание.
Друг канон на преподобниот, глас 8.
Ирмосː Откако ја мина водата како по суво и египетското зло го избегна, народот израилски викашеː На Избавителот и наш Бог да Му пееме.
Преподобен Јоване, кој од овдешната беда се искачи кон нематеријалната и духовна светлина, со твоите молитви кон Господа просветли ме.
Откако се напи од сладоста на воздржанието, ја отфрли горчливоста на страстите; затоа, оче, нашите чувства повеќе и од мед и сот ги засладуваш.
Искачен на врвот од добродетелите, си ги поплукал долу ползечките сласти, оче преподобен,  а за твоето стадо си станал сладост на спасението.
Богородиченː Ти, која неискажливо ја роди Премудроста и Словото на Отца, раната лута на мојата душа исцели ја и болката на срцето скроти ја.
Катавасијаː Ќе ја отворам устата моја, и со Дух ќе се исполни, и збор ќе ѝ кажам на мајката Царица, и ќе се покажам светло торжествувајќи и, радувајќи се, ќе ги воспеам нејзините чудеса.
Песна 3
Ирмосː Утврди нè, Боже, со Твојата сила и разурни ги еретичките заблуди, а издигни го нашето достоинство.
Одејќи по патот на овој живот, Христе, ранет сум од разбојништвото на страстите; но се молам, подигни ме.
Разбојниците умот ми го разбија и во раните на моите гревови полужив ме оставија; но Ти, Господи, исцели ме!
Христе Спасителе, страстите од Твоите заповеди ме соголија, а сластите ме ранија; но Ти излеј ја на мене милоста Твоја.
Богородиченː Моли Го непрестајно, Чиста, Оној што низ твојата утроба мина, да се избавиме од измамата ѓаволска, ние што те воспеваме како Мајка Божја.
Друг канон. Ирмосː Ти си тврдина на оние што приоѓаат кон Тебе, Господи, Ти си Светлина на помрачените и духот мој Те воспева.
Со огнот на подвигот си ги изгорел трњето и страстите, оче свети, а на монасите им ја подгреваш ревноста.
Мирото на светоста од испосничките аромати, преподобен, си му го принесол на Бога како благопријатна духовна миризба.
Вежбајќи се во законите на подвизите, во реките на твоите солзи си ги потопил страстите, како што некогаш беа потопени војските фараонови.
Богородиченː Запри го моето непостојано вознемирување на мислите, чиста Мајко Божја, насочувајќи го кон Синот Твој нивното движење.
Седален, глас 5.
Држејќи го твојот пречист крст како оружје на спасението, Спасителу наш, преку него ти викамеː Спаси нè, Боже, Кој доброволно пострада за сите нас, како многумилостив.
Славаː на преподобниот, глас 4.
Оче Јоване, кој на небесата засветли со добродетели, а засаден на сигурна почва, набожно се искачи до неизмерната длабочина на богосозерцанието; а откако ги победи лукавствата демонски, ги штитиш луѓето од нивните напади, скало на добродетелите; и сега се молиш да се спасат слугите твои.
И сегаː богородичен. Подобен.
Оној што на престолот херувимски седи и во прегратките на Отецот почива, во твојата утроба седи како на свој свет престол, Владичице! Он е Бог Кој така се зацари над сите народи, а ние сега разумно Му пееме. Него и ти, Чиста, моли Го да се спасат слугите твои.
Песна 4
Ирмосː Го слушнав, Господи, гласот Твој и се исплашив, ја разбрав Твојата промисла и Те прославив, Единствен Човекољупче.
Разбојниците ме лишија од мојата божествена награда и во рани измачуван ме оставија.
Моите мисли непостојани, Спасителе, од Твоите заповеди ме одвлекоа, затоа сум ранет од прегрешенија.
Левитот, кога ме виде целиот во рани, ме одмина; но Ти, Спасителу мој, спаси ме.
Богородиченː Достојно те славиме тебе, Богородице безневесна, и кон твоето пристаниште ние верните прибегнуваме.
Друг канон. Ирмосː Го слушнав, Господи, Твоето воскресение од гробот и ја прославив Твојата сила непобедлива.
Како цветна градина најблагомирисна, и духовен рај на добродетели, си родил плодови на воздржување, со кои си ги нахранил сите оние што те почитуваат.
Во тебе подвигот има свој законодавец, а монасите – правило најкротко; како Мојсеја и Давида, и тебе, оче, навистина блажен те именуваме.
Насаден на водите на воздржанието, оче блажен, се покажа како лоза доброплодна, која раѓа гроздови на благочестие.
Богородиченː Ти, Богомајко, која си во времето, ни Го роди Оној што вечно светли од Отецот. Него моли Го да се спасат оние што те воспеваат.
Песна 5
Ирмосː Рано наутро Ти викаме, Господи, спаси нè; зашто Ти си нашиот Бог и освен Тебе за друг не знаеме.
Исусе, посети ги раните на душата моја, како оној што некогаш падна во рацете разбојнички, и се молам, Христе, исцели ја болката моја.
Од раните на гревовите болно изнемоштев, Христе мој, и затоа лежам гол, лишен од божествени добродетели; се молам, спаси ме.
И свештеникот, и левитот, кога ме видоа, ме одминаа и не ми помогнаа; но самиот Ти, како милосрден, помогни ми и спаси ме.
Богородиченː Не презирај ме, Владико, мене кутриот, се молам, болно ранетиот во душа од разбојници, но помилуј ме, Спасителе, по молитвите на онаа што Те родила.
Друг канон.  Ирмосː Зошто ме отфрли од Твоето лице, Светлино незаодна, и мене бедниот ме покри необична темнина! Но, се молам, обрати ме и, кон светлината на Твоите заповеди, патиштата мои насочи ги.
Откако со росата на твоите подвизи, ги изгаси сите страсти, оче блажен, обилно го разгоре огнот на верата и љубовта, и стана светилник на воздржанието, просвештение на бестрастието и син на денот.
Со твоето божествено земјоделие, оче, ти го потхрани гроздот на верата и, со трудот на аскезата, го исцеди неговиот сок, ја наполни духовната чаша на воздржанието, со која ги веселиш срцата на твоето стадо.
Откако храбро ги поднесе нападите и раните на противничките врагови, се покажа столб на трпението, утврдувајќи го стадото твое со палката божествена, водејќи го на пасиштата на воздржанието и водите на починот, блажене.
Богородиченː Следејќи ги зборовите на твоите усни, Сечесна, ние те именуваме блажена, зашто Господ, Кој со тебе направи навистина чудесни работи, те возвеличи и, Оној што се роди од твојата утроба, вистинска Божја Мајка те покажа.
Песна 6
Ирмосː Господи, бездната ме обиколи, китот гроб ми стана, а јас, пак, повикав кон Тебе – Човекољубецот и ме спаси Твојата десница.
На страстите го потрошив мојот божествен живот, Владико, и сиот ранет од гревови, засолниште најдов при Тебеː се молам, помилуј ме.
Моето богатство разбојниците го разграбија и како мртов ме оставија, откако умот со страстити ми го разранијаː но Ти, Господи, помилуј ме и спаси ме.
Кога левитот ја виде мојата болка, не поднесувајќи ги моите рани, ме одминаː но Ти самиот, Човекољупче, ја излеа врз мене твојата милост богата.
Богородиченː Тебе, несогорливата капина, и гора, и жива скала, и двер небеска, достојно те славиме, Марие преславна, похвало на православните.
Друг канон. Ирмосː Очисти ме, Спасе, од многуте мои беззаконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.
Во душата си ги примилː божественото богатство на Духот, непорочната молитва, чистота, чесност, непрестајно бдеење, подвизи на воздржување, кои од тебе дом Божји направија.
Откако на овие ниски работи долу не се задржа, премудар, на крилјата од молитвата се издигна и наследник на вишниот спокој стана, поради совршенството на животот.
Со пот испосничка жарот  на стрелите непријателски вистински го изгасна, а кога огнот на верата го разгоре, горделивоста и неверието на ересите го изгоре.
Богородиченː Од Сиона благолепие на Вишниот засветли, кога од тебе, Неискусобрачна, на неискажлив начин прими тело и светот го просветли.
Кондак, глас 4.
На висина од воздржанието Господ навистина те положи, како ѕвезда вистинска, која ги осветлува краиштата на земјата, наставниче, оче наш Јоване.
Икосː Со твоите божествени добродетели, оче, самиот себе како дом Божји навистина се направи, откако јасно се украси со вера, надеж и љубов вистинска, како со светло злато; изложувајќи ги божествените заповеди, во постот се извежба како бесплотен, и се здоби со разум, храброст, целомудрие, смирение, со кои и се вознесе. Затоа и се просветли со молитвите непрестајни и ги прими небеските населби, наставниче, оче наш Јоване.

СИНАКСАР
Потоа се чита дневниот Синаксар. Потоа житието на
преподобниот отец наш Јован Лествичник.
Стихови:
Свети Јован го умртвуваше телото додека беше жив,
Затоа сега живее вечно, иако е мртов по тело.
Во списот Рајска скала (Лествица), што ни го остави,
Ни го опишува својот пат на искачување (кон небото)
Јован умре во триесеттиот ден.

Кога тој имаше 16 години, бидејќи беше остроумен, се принесе себе си како света жртва на Бога, кога се искачи на Синајската Гора. Потоа, по 19 години, се предаде на безмолвие за време од 40 години, во манастирот Палестра, на местото наречено Тола, горејќи секогаш со љубов кон Бога. Јадеше се што беше дозволено според заповедите, но мошне умерено, совладувајќи ја мудро горделивоста. Но кој ќе го опише изворот на неговите солзи? Спиеше само колку да не ја повреди природата со бдеењето. Неговата молитва беше постојана, а љубовта кон Бога неизмерна. Живеејќи така богоугодно, ја напиша и книгата Лествица (Рајска скала), во која го изложи своето учење за духовното усовршување, како и други книги, и се упокои во Господа. По неговите молитви, Боже, помилувај нѐ и нас и спаси нѐ.
Песна 7
Икосː Господ, славен од татковците, го угаси пламенот, ги ороси момчињата кои пеат еднодушноː Боже, благословен си!
Разбојници мене бедниот ме нападнаа, и во рани полумртов ме оставијаː затоа Ти се молам, Боже, посети ме.
Умот мој непостојани помисли ми го пленија и, откако со страсти ме ранија, во многу гревови полумртов ме оставијаː но Ти, Спасителе, исцели ме.
Еден левит, кога ги виде моите болки и рани, ме одмина мислејќи дека се неизлечивиː но Ти самиот, Спасителу мој, исцели ме.
Богородиченː Ти, Кој од Дева се воплоти, ме спаси, изливајќи ја врз моите рани, Христе, милоста богата на твоите добриниː поради тоа Те прославувам.
Друг канон. Ирмосː Младите момчиња, од Јудеја во Вавилон некогаш дојдени, со вера во Света Троица, пламенот во печката го изгаснаа, пеејќиː Боже на татковците, благословен си.
 По зелените пасишта на Царството небесно си го нахранил стадото, оче, и кога со жезолот на догматите си ги изгонил ересите, си запеалː Боже на нашите татковци, благословен си.
На свадбената гозба во Царството Христово си влегол со облека достојна за Оној што те поканил, во која си запеалː Боже на нашите татковци, благословен си.
Река на воздржување, натопена од гревови, си се покажал, оче, потопувајќи ги помислите, и очистувајќи ја нечистотијата на оние што со вера пеатː Боже на нашите татковци, благословен си.
Богородиченː  Од твојата утроба, Дево, излезе Оној што се воплоти, Кој е Господ на ситеː затоа ние, кои тебе православно те исповедаме, на Синот твој Му пеемеː Боже на нашите татковци , благословен си.
Песна 8
Ирмосː За Тебе, Создателу, момчињата во печката создадоа хор од целиот свет и Ти пеејаː Сите дела, пејте Му на Господа и превозносете Го во сите векови.
Од разбојништвото на моите помисли, и со раните гревовни, го расипав мојот живот, Спасителе, и се лишив од божествениот образ. Но поради твоето човекољубие, Боже, помилуј ме.
Од висините си дошол на земјата, Спасе, и врз раните што ги здобив, биен од моите прегрешенија, Штедре, си ја излеал твојата милост, Христе!
Телото и душата, Владико Спасителу, си ги дал за да ме избавиш, и си ме спасил мене, ранетиот од мечот на гревовите, во неисцелените рани, како милостив.
Богородиченː Тебе, Дево, која Го роди Господа, и пак девојка остана, сите дела те благословуваме и те превозносиме во сите векови.
Друг канон. Ирмосː Царот небесен, Кого што Го воспеваат војските ангелски, фалете Го и превозносете Го во сите векови.
Имајќи те како вистински столб духовен, и пример на воздржување, оче Јоване, сите ние твојот спомен го почитуваме.
Мноштвото монаси се радува, и соборот на преподобните праведниците ликува, оти заедно со нив си примил венец достојно.
Украсен со добродетели, си влегол во брачната одаја на неискажливата слава, песна пеејќи Му на Христа во вековите.
Богородиченː Не презирај ги оние што имаат потреба од твоја помош. Дево, кои ти пеат и те превозносат во вековите.
Песна 9
Ирмосː Исаие, ликувај, Дева зачна во утробата и роди Син Емануил, Кој е Бог и човек; Исток е името Неговоː Него величајќи Го, Дева ја именуваме блажена.
Откако заповедите твои, Владико, со мојот разум не ги запазив, и во сладострасните наслади влегов, од благодатта се лишив, и бев исфрлен сиот во рани. Затоа Те молам, Спасителу, спаси ме.
Ни левитот не можеше да ги измие моите рани, но Ти дојде при мене сострадателно, Благи, и ја излеа на мене милоста на Твоите штедроти, Спасе, како најсовршен лекар исцелувајќи ме
Како милосрден, ме помилува и ме спаси, Христе, тешко ранет и биен од разбојниците, Спасителе, а Својата душа и тело, како два денара, си ги дал за мое избавување.
Богородиченː Надумно е раѓањето твое, Богомајко, зашто без маж се случи и зачнувањето во тебе и девственото раѓање, бидејќи родениот е Богː Него величајќи Го, ние тебе блажена те именуваме.
Друг канон. Ирмосː Да ја прославиме, луѓе, Пречистата Богородица, која во својата утроба го прими огнот на Божеството, и со песни да ја величаме.
Лекар на болните од гревови, од Бога, се јави како уништувач и прогонител на злите духови, блаженеː затоа ние те ублажуваме.
Оваа земја гнилежна си ја оставил, оче, и во земјата на кротките си се вселил, и со нив се веселиш, со божествена сладост насладувајќи се.
Денес е ден празничен, бидејќи сите стада монаси ги повикува на собир духовен, на трпеза и храна од животот негнилежен.
Богородиченː Во тебе се всели, Сенепорочна, Оној што ја уништи силата на измамникот на нашите прародители, и се роди, и сите нас нè спаси.
Егзапостилар воскресен, и на преподобниот.
Од насладите на овој свет, како штетни, си се отстранил и, откако со пост телото си го ослабил, крепкоста на душата си ја обновил, преподобен, и со слава небесна си се збогатил, преславен. Затоа не престанувај да се молиш за нас (оче) Јоване.
Богородиченː Ние кои преку тебе сме спасени, те исповедаме за Богородица, Владичице, бидејќи неискажливо си Го родила Бога, Кој со крстот смртта ја разори и Кој соборот на преподобните го привлече при Себе. Со нив, Дево, и ние те прославуваме.
Хвалитни стихири воскресни од Осмогласник и анатолиеви.
Потоа стихотː Воскресни, Господи Боже мој, нека се вознесе раката твоја.
И пееме самогласен, глас 1ː Дојдете да работиме во таинственото лозје, берејќи во него плодови на покајание, не ситејќи се од јадење и пиење, туку во пост и молитва негувајќи добродетелиː со тоа Му угодуваме на Господа, и за трудот ни дава награда од еден денар, со кој ги избавува душите од гревовниот долг, единствениот многумилостив.
Славаː пак истото. И сегаː Преблагословена сиː Славословие големо, и отпуст.

Извор: Посен Триод

 

Подготви: Т.С.

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная