логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Кога човек сака да поработи на себеизградување, тој неминовно прави една грешка, која во минатото, проповедајќи морализам, ја  правеле дури и христијанте во теолошките кругови и неделните училишта. Со други зборови, кога некој би пришол на Црквата, таквите христијани почнуваат да му говорат: ʺПазете се да на правите нешто лошо, да не посетувате неприлични места и да не изговарате скаредни зборовиʺ-тие со тоа се бават. Меѓутоа таквиот морализам е болен, тоа е противприродно и неправославно расудување, пуританство, пиетизам, кој само бара конкретни резултати. Отците на Црквата не се бавеле со такви работи, но сѐ согледувале многу длабоко. Кога би им дошол некој човек оптеретен со многу проблеми и гревови, би почнале да му говорат за нешто страно за него т.е. за човековиот однос со Бог. Затоа Христос во Евангелието не рекол дека прва и најважна заповест Божја е тоа да не се краде или да не се прави прељуба, тоа е нешто што секако се подразбира, туку истакнал дека најважен е односот кон Бог, односно да го љубиш Бог. Ако го засакаш Бог и имаш жива и здрава љубов кон Него, тогаш сѐ останатао доаѓа само по себе. Во спротивно, можеш да ги исполнуваш сите возможни правила, но да не оствариш никаков напредок во односот со Бога.

Така навистина ќе станеш добар човек, можеби дури и извонреден, но не токму човек кој има однос со Бог. Затоа современите христијани или пак оние на мои години се чудат и никако не ги разбираат основните нешта во Црквата. Велат:ʺ Зар не е доволно што правам сѐ што се бара од мене? Што сакате уште?ʺ Тие никако не можат да го разберат ни современиот свет, та монаштвото никако неможат ни да го појмат, па ми велат: ʺА зошто да станам монах? Зар борбата во светот не се рачуна, зар таа не води  на небо?ʺ Одговорот е: да и така можете да отидете во рајот. Но, дали е возможно? Или сепак можеби ќе останам надвор? Живееше на Света Гора еден старец, отец Арсениј, попотекло од Кавказ. Многу простодушен и едноставен човек кој слабо знаеше грчки, но подобро владееше со турски. Кога имаше 75 години, се жалеше како старец Јосиф уште не го прибројал кон своето братство, а ветил дека тоа ќе го направи, но сепак сѐ уште чека. Тогаш го прашав:
-Старче, дали можеби се плашиш дека ќе умреш?
-Не, не се плашам.
-А, ако што ако отидеш во пеколот?
-Не сум глупав да отидам во пеколот!

Со други зборови, тоа зависело од него. Нашиот однос со Бог е прашање на љубовта. Тоа не е прашањена долг-да одам во Црква, на одреден начин да размислувам, уредно да ги извршувам наредбите и да бидам добар човек. Односот со Бог не е однос кој се остварува со некакви задолженија, туку тоа е однос на љубов и почитување. Како што човекот обземен од љубов не делува според разумот, туку ја зема гитарата и ита под пенџерето на љубената, како што тоа било обичај во минатото и цела ноќ пее та некако да се ублажи неговтата љубовна тага, а таа само ќе фрли една саксија-тоа можевме да го видиме по филмовите. Не знам како денсека тоа се прави, веројатно праќаат електронска пошта. Сето тоа е променето, сè е сведено на конзерва. Дури и односите меѓу луѓето. Односот со Бог е врска на љубовта во која таа љубов нема граници. Таа не подлежи на никакви шеми, ниту програми и неможе да исчезне. Таа е огин, пламен, кој се разгорува во самата суштина на чочвековото битие и човекот не наоѓа начин да ја изрази таа своја љубов. Тоа не зависи од ништо надворешно. Оној пак, кој сѐ гледа и мери по надворешниот поредок на нештата, веројатно така се однесува и во своето семејство, а тоа секако ги загрозува семејните односи, бидејќи таквиот човек вели:ʺ Па зар не сум јас добар сопруг? А како пак не сум? А кој ти дава пари со кои секој ден одиш во продавница?! Зар не стигам дома навреме секој ден? Не гледам други жени! Никогаш не сум те скарал, а камоли пак удрил? И не одиме ли секое лето на крстарење? Не излегувеме ли секој викенд?ʺ

Со други зборови, исполнувам цел список со некакви правила и тоа значи дека сум добар човек. Но, од оној миг кога ќе се покаже дека едната страна е занемарена или дека постои друга врска, нивниот дом се руши, семејството пропаѓа, а потоа луѓето се прашуваат: ʺНо, зошто?ʺ Не сфаќаат дека таквите врски не можат да се одржат со некакви рецепти кои ќе ги добиете од лекар или пак во аптека. Ниту пак со какви било исполнувања на правила-ако го правам тоа и тоа, тогаш сѐ е во ред. Исто како што фарисејот го исполнил целиот закон но, не нашол милост кај Бог, а цариникот кој не се владеел според законот, беше оправдан и мил на Бога. Занчи, прашањето е како човекот оди пред Бог, со каков ум стои пред Бог и дали постои жив однос, кој го надминува законот и сето она што се наоѓа само однадвор. Некои би можеле да кажат: Ако сакаш да живееш според Бог, треба да го правиш тоа и тоа. И непрестано слушаме нешто од што ми се крева косата на главата, а особено е упатено кон младите. Ним им велат:ʺ За да бидеш црковен човек, Божји човек, добар човек, треба секоја недела да одиш во Црква, да не се однесуваш недолично, да не го правиш тоа и тоа, да се причестиш 3-4 пати годишно и исто толку пати годишно да се исповедиш.ʺ И ете со тоа сѐ се завршува.

Меѓутоа тоа не е во ред. Тоа е потполно погрешно. Ние треба да ја откриеме врската на нашето битие со Бог, живата врска, онака како што сакате друг човек, без шеми и однапред смислени форми и рецепти. Како што е вашиот однос со другиот човек жив, таков треба да биде и  односот со Бог. Единствено така ќе можете да ја сфатите полнотата за која се говори во Евангелието. Затоа и пред малку говорев дека не треба да бидеме површни, туку да проникнуваме во суштината на нештата, за да разбереме што тоа се случува и од каде таа празнина во нас. Зар уште нешто нѝ е потребно? Кога ќе ја сфатиме причината, ако имаме барем малку смирение и ако навистина имаме така многу љубов кон Бог, тогаш нема да биде потребно својата болка да ја лечиме така што ќе испиеме шише вино. Кога човек ќе научи како правилно да ги согледува нештата, тогаш полека ќе почне да го решава проблемот кој ќе го снајде.

Незнам дали сето ова ве замара. Понекогаш се прашувам, дали навистина ве интересира сето ова што го говорам. Меѓутоа, верувам и мислам дека тоа се основни нешта и не ми се допаѓа во Црквата и од црковните луѓе да слушате само за теми кои понекогаш се неопходни да се споменат како на пр. за клонирање или за глобализацијата. Неопходно е и потребно да се знае ставот на Црквата за тие прашања но, вие тоа го слушате непрестано и знам дека во таа проблематика сте поупатени од мене. Но, од нас, од Црквата треба да го чуете она што никаде нема да го чуете.

Веднаш после блаженството: ʺБлажени се гладните и жедните за правда, затоа што ќе се наситатʺ (Мт.5,6), Христос оди понатаму, па говори за човекот кој е милостив: ʺБлажени се милостивите, затоа што ќе бидат помилувани ʺ(Мт.5,7). Кога ќе кажеме милостив, веднаш помислуваме на милостиња. Ти доаѓа некој во пресрет и ти бара еден денар, а ти му даваш два-тоа секако е милостиња. Исто така, и учествувањето во разни општествени акции како на пример, посетување на болни и помагање на сиромашни. Сето тоа е добро и неопходно за зачувување на општествениот живот. Меѓутоа, овде Христос не говори само за тоа, затоа што како што видовме во сите Евангелија, Христовите зборови се длабоки-Он не се задржува само на надворешниот поредок на нештата.


Кога ќе го чујам зборот милостив, умот се усмерува на самиот Бог. Така и говориме во Црква: ʺЗатоа што Ти си милостив и човекољубив Бог.ʺ Самиот Христос кога во Стариот Завет говореше за Себе се нарекува милостив; впрочем ние се молиме: ʺГосподе Исусе Христе, помилуј меʺ, како и ʺпомилуј ме Боже, по Твојата голема милостʺ. Бог е милостив и семилосрден. Затоа, милостив, е епитет за Бог, а човекот е милостив кога го подражава милостивиот Бог. Кај светиот Исак Сирин има еден многу добар дел во кој тој говори за човечката милосрдност. Тој бил сириски подвижник кој живеел во 5 век, кога Сиријците не биле ниту Арапи, ниту Ромеи но, наскоро паднале под арапска власт и потполно го изгубиле својот јазик и секаква автономија но, останале православни. Муслиманите имаат богато историско паметење, затоа и тие ги викаат православни, а ние сме ги нарекле муслимани. Ава Исак Сирин напишал прекрасни книги, подвижнички слова во кои вели; Што е тоа милостиво срце? Тоа е срцето на човекот кое согорува за целото создание, за сите луѓе, а птиците, за животните, за демоните и за секоја твар, та тој човек кога ќе види  или  само помислувајќи на  споменатото нему му се леат солзи од очите. Зошто е тоа така? Затоа што Бог е таков. Бог ги љуби сите подеднакво, без да прави разлика и без исклучоци-тоа е основната вистина на Црквата-нема ниту најмала промена во љубовта Божја кон сѐ создадено. Колку не љуби нас, толку ги љуби и демоните. Он на истиот начин и потполно го љуби човекот, Богородица но, и ѓаволот-без да љуби некого повеќе, а некого помалку.  Бидејќи да љубеше Бог некој помалку, а некој повеќе, тоа ќе значеше дека Неговата љубов е ограничена, дека има мера, дека има страсти, дека трпи промени, дека не е соврешна и потполна. А токму тоа се случува со нас кои не го љубиме Бог секогаш еднакво. Сатаната воопшто не го сака Бог, А Богородица го љуби со сето свое битие. Така некои од нас љубат 10%, некои 20%, а некои 100% и токму таа мера на љубов го одредува нашиот однос со Бог, а тоа зависи од нас, а не од Бог. И токму тоа е она основното кое секој би требало да го знае, за да не го обвинува Бог како другите ги љуби повеќе од него или како Бог на некој се гневи повеќе, ана некој пак помалку. Според тоа, кога знеме кој е нашиот Прволик т.е. Бог, тогаш можеме да го разбереме и другиот човек. Така, конечно ќе сфатиме дека неможеме некого да љубиме повеќе, а некого помалку и дека не треба да бидеме груби и злобни кон на пример, престапниците и  кон оние што се во тешкотии. Нема да можеме така да се однесуваме. Едноставно, ниту во душата нема така да се чувствуваме. А тоа ново, добро, расположение, секако ќе има оддек во општеството во кое живееме. Бидејќи ние сме општествени битија и сѐ има свој оддек. Би требало да имате ваква љубов за сите и сѐ, без исклучок. А дали би требало да постои мера за таа совршена љубов? Не. Ако така се прашуваме, се наоѓаме многу ниско на басамаците на љубовта. Секој со својата мера. Ете, имавме големи светители, па добро. И ние би сакале да ја достигнеме совршената љубов. Но, ние имаме малку љубов, па сепак говориме за совршената љубов за да го видиме патот по кој треба да одиме. А совршена љубов е кога се однесуваш кон човекот со потполна, искрена љубов. Љубовта не претставува исполнување на своите посакувања и желби, таа не е лекомислена и да кажам така, глупа. Ако љубам, тоа не значи дека сум глупак, дека живеам во соништата и не гледам што се случува околу мене или сѐ да гледам розово. Не. Божјиот човек не е безумен или малоумен. Како што некогаш се говорело, ако одиш во Црква, малоумен си.А денес зборуваат дека си заостанат, старомоден. Тоа, се разбира не е така. Што всушност се случува? Едноставно од човечката душа се оддалечува страста-тој гледа што се случува, ги препознава страстите, го познава злото, лукавствата ги гледа, ги гледа тој сите сплетки, многу добро ги разбира но, на другиот човек не му пристапува острастено. Таквиот човек може да ја израмни работата, на еден  мирен, неострастен начин, се разбира колку е тоа можно. А зошто тој тоа го постигнува? Затоа што таквиот човек има апсолутна љубов. Ова е многу важно, бидејќи ако немаме таква љубов, непрестано ќе чувствуваме тежина, а низ животот обременетоста само ќе се зголемува, затоа што секојдневно гледаме и се среќаваме со човечката злоба-подозривоста, отуѓеноста, а тогаш и ние стануваме непријателски настроени кон другите, без обѕир дали го сакаме тоа или не. Таква е човечката несовршеност.


Ако немаш внимание и спремност да се позанимаваш со овие прашања, и ти ќе станеш ист таков, и ќе бидеш во истата воденица во која и ти ќе мелеш и тебе ќе те мелат и веќе нема да бидеш во состојба да поднесеш ни најмал подвиг или тешкотија во животот, дури и ако бидат поврзани со оние кои најмногу ги љубиш-зашто може да се случи во еден момент и да те изневери и најблискиот или едноставно не е во состојба да ти го пружи она што го бараш, неможе да ти пружи апсолутна љубов. Едноставно доаѓаат такви мигови. Таков е животот. Е, тоа е она главното, како ќе се понесеме и држиме во таква ситуација кога нешто неможе да биде по наша воља, онака како што сме замислиле.Ако немаме милостиво срце, тогаш и ние влегуваме во истата воденица, која потолно ќе не сомеле во сите наши тешкотии, разочарувања и горчини, затоа што не сме го воспитале срцето да има духовно благородство, кое се задобива кога сострадуваме и искрено го љубиме секој човек. Затоа што кога го почитуваш и сочувствуваш со другиот човек, тогаш можеш и да го разбереш. Додека не ја достигне таа мера, твоето срце треба да биде многу осетливо и внимателно, во смисла да ги чувствува движењата на и настројството на другите луѓе. Како во спротивно да го разбереш другиот човек, ако срцето ти е тврдо и закоравено? Кога срцето ќе стане тврдо, просто камено од страсти, грев и користољубие, тоа не разбира ништо од сево ова, а спремно е да чини прави злодела, на пример да убие и притоа да се смее. Или да посматраш како некого убиваат и тоа воопшто да не те интересира, да не те допира. Човекот може да биде и како железо и како памук. А колкава е само разликата помеѓу железото и памукот!
Има луѓе кои уживаат да малтретираат други, а има и такви кои искрено тагуваат само затоа што чуле или помислиле нешто што им ја оптеретува совеста. Не мислам овде на оние кои патат од некоја душевна болест, туку на оние што се простодушни и со чувствително срце, кое се стекнува кога човек се подвизува по Бог и нема никаква врска со депресијата. Тоа не е депресија, не е некакво болно очајание, туку далбока свест за тоа што се случува во нас и околу нас. Треба да се започне од сосема обични нешта.

Од начинот на кој разговарате со другите, од тоа како ќе им помогнете, од милостињата која ја даваш-ќе дадеш некому денар и што со тоа? Зашто Христос нѝ рече да бидеме милостиви? За да станат ли сиромашните богати? Или богатите да осиромашат? Секако не, туку смислата е да општиме со другиот човек. Смислата на давање милостиња за која се говори во Евангелието нема социјална позадина туку духовна-да те научи да заедничариш со својот брат, да сострадуваш со него во тага, да му се најдеш во потреба, да научиш да се одрекуваш, да сфатиш дека постои друг човек, да бидеш спремен ти да умреш за да живее товјот брат. Се разбира, секој човек сразмерно на своите снаги и сили. Како што самиот Христос умре за ние да живееме.
 
 
Подготви: М.Б.

 

28 - ми март 2017 лето Господово

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная