о. Харалампиј Пападопулос: Стравот – тоа не си ти
Ако го соблечеш костумот што тие ти го облекоа и ја скинеш маската што ја носиш, претставувајќи се за нешто што не си, тогаш ќе видиш дека ти никогаш не покажа страв; никогаш не почувствува меланхолија. Твојот немир не ти припаѓа тебе. Тој им припаѓа на твоите улоги. Не е твој. Ти си радосен. Духот, душата која живее во тебе не знае за немир и грижи, таа е дар Божји исполнет со светлина и радост. Грижата е одговор на лагата која ја живееш.