Преподобен Никита Ститат- Природни и психолошки глави за очистување на умот
Оние што живеат телесно секогаш имаат мудрување во себеси, затоа што се потполно телесни. Тие не можат да Му угодат на Бога; нивниот ум е помрачен, зашто ја немаат божествената светлина. Над нив се надвиле облаците на страстите, како некои вистински ѕидови, ги оградуваат од духовните светилници; затоа се во постојана темнина.